Македонија
Регистрирани нови 57 позитивни случаи на Ковид-19 и едно починато лице
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 808 теста, а регистрирани се 57 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 38, Битола и Прилеп – по 5, Штип – 4, Кавадарци, Велес, Струга, Неготино и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Струга (86г) и тоа е починато во болнички услови. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ нема регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.177.967 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.722, бројот на оздравени пациенти е 333.833, на починати е 9.554 а бројот на активни случаи изнесува 335.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 162.018, Активни 237
Куманово 18.243, Активни 13
Битола 17.970, Активни 21
Прилеп 15.532, Активни 28
Тетово 14.476, Активни 4
Кавадарци 12.089, Активни 2
Велес 10.810, Активни 5
Охрид 10.319, Активни 7
Гостивар 10.275, Активни 0
Струмица 8.781, Активни 0
Штип 8.766, Активни 8
Кичево 6.075, Активни 1
Кочани 5.544, Активни 0
Струга 5.173, Активни 1
Гевгелија 4.882, Активни 0
Неготино 4.148, Активни 2
Ресен 3.031, Активни 1
Радовиш 2.836, Активни 1
Свети Николе 2.795, Активни 0
Крива Паланка 2.660 0
Делчево 2.183, Активни 0
Берово 1.875, Активни 0
Дебар 1.812, Активни 0
Валандово 1.600, Активни 0
Виница 1.478, Активни 0
Пробиштип 1.299, Активни 0
Кратово 1.131, Активни 1
Богданци 1.101, Активни 0
Крушево 1.039, Активни 1
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 801, Активни 2
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 519, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!
„Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено“, велат од „Влен“.
„Двата круга од овие избори докажаа дека Демократската Унија за Интеграција е избришана од политичката карта на Северна Македонија. По две децении манипулација, оваа партија стана мала структура, без поддршка и без политички легитимитет.
Ова не го кажува ВЛЕН, го кажува слободниот глас на Албанците.
Во првиот круг, ВЛЕН убедливо победи во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце. Во вториот круг, Албанците ја запечатија промената во Боговиње, Дебар, Струга, Долнени и Тетово. Овие победи не се случајности, тие се отворено отфрлање на старата политика и потврда на вербата во новата политика.
Албанците точно знаат кој работи, а кој измамува, кој дели, а кој обединува.
Ова јасно гласање е крај на една ера и почеток на нова визија за албанската политика.
ВЛЕН го чита овој резултат како почеток на политика на одговорност, мерена со работа, понизност и почит кон граѓанинот. Нема да зборуваме за губитниците бидејќи Албанците веќе проговорија“, соопштија од „Влен“.
Македонија
Делови од пет скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
· од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул. Димче Милошевски. (Општина Гази Баба)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. 1 во с. Сопиште. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Димитар Мирсачев. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на ул. Леринска бр. 3. (Општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне слаба магла, попладне повремени врнежи од дожд
Променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во деновите од следниот викенд.

