Македонија
Регистрирани 148 новозаразени од коронавирус, има едно починато лице
																								
												
												
											Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.261 тест, а регистрирани се 148 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 93, Битола – 11, Куманово – 9, Прилеп – 6, Кавадарци и Кочани – по 5, Тетово – 4, Кичево – 3, Велес и Неготино – по 2, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка, Пробиштип и Богданци – по 1.
Од вкупниот број позитивни (148), регистрирани се 40 реинфекции.
Регистрирани сe 45 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 35, Куманово, Битола и Кавадарци – по 2, Прилеп, Кочани, Тетово и Гостивар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирано е едно починато лице од Скопје (84), починат на 27.6.2022 во болнички услови.
Направени се 1.261 тест преку: ИЈЗ-156, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-35, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-14, ЦЈЗ Куманово-18, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–68, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-17, Биотек-124, Систина-53 лабораторија Лаор-26, Синлаб-4, Ремедика-10, Плодност-4, Генеа-18, Никоб лаб-47, ВФВ медикал-285, Ели медика плус-7, Ројал медика–0, Спектра-ММ-3, Рапид лаб–9, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–3, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 286.
Досега во земјата се направени вкупно 2.080.874 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.856, бројот на оздравени пациенти е 303.783, на починати е 9.323, а бројот на активни случаи изнесува 750.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 148.170, Активни 452
Куманово 16.737, Активни 21
Битола 15.792, Активни 43
Прилеп 14.257, Активни 24
Тетово 13.522, Активни 26
Кавадарци 10.740, Активни 31
Велес 9.825, Активни 16
Гостивар 9.625, Активни 9
Охрид 8.995, Активни 43
Штип 8.106, Активни 14
Струмица 8.098, Активни 14
Кичево 5.665, Активни 7
Кочани 5.118, Активни 14
Струга 4.738, Активни 5
Гевгелија 4.427, Активни 1
Неготино 3.711, Активни 11
Ресен 2.760, Активни 5
Свети Николе 2.641, Активни 1
Радовиш 2.533, Активни 2
Крива Паланка 2.421, Активни 2
Делчево 1.987, Активни 1
Берово 1.693, Активни 1
Дебар 1.682, Активни 1
Валандово 1.488, Активни 0
Виница 1.396, Активни 0
Пробиштип 1.269, Активни 1
Богданци 1.024, Активни 2
Кратово 967, Активни 0
Крушево 933, Активни 2
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 743, Активни 1
Демир Капија 594, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 352, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство
														Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија, по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија во нашата држава.
„Со воведувањето на новата процедура на Клиниката за кардиологија, овозможуваме пациентите со сложени срцеви аритмии да бидат згрижени и соодветно третирани во оваа врвна терциерна установа, без да има потреба да бидат упатувани во странство. Тимот од оваа клиника покажа дека во македонското здравство постои знаење, храброст и визија за врвни резултати. Ова е голем чекор напред за нашето здравство и потврда дека инвестицијата во знаење, технологија и човечки потенцијал овозможува врвни резултати“, истакна министерот Алиу при посетата.
Директорката на Клиниката за кардиологија, Даница Петкоска Спирова изрази благодарност до целиот тим за посветеноста во работата и грижата за пациентите со кардиолошки заболувања.
„Министерството за здравство продолжува со поддршка на иницијативите за воведување нови процедури и методи во јавните здравствени установи, со цел унапредување на третманот на пациентите на сите нивоа на здравствена заштита“, порача министерот Алиу.
Македонија
Љутков ќе се обрати на 43 сесија на Генералната конференција на УНЕСКО
														Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ја предводи македонската делегација на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО што од 30 октомври до 13 ноември се одржува во Самарканд, Република Узбекистан.
Љутков утре (5 ноември) во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд ќе се обрати на дебатата посветена на генералните политики на Организацијата, на која учествуваат министри и претставници од земјите членки на УНЕСКО.
На Генералната конференција учествуваат претставници од над 200 земји и меѓународни организации. За време на двонеделното заседание ќе бидат усвоени значајни документи што ги одредуваат буџетот и програмата за работа на УНЕСКО за следниот период, а државите членки ќе изберат и членови на извршниот одбор. Се очекува во текот на Конференцијата да биде именуван и нов директор на Организацијата.
Одржувањето на Конференцијата во Самарканд е од особено значење бидејќи за првпат по повеќе од четири децении Генералната конференција на УНЕСКО се одржува надвор од седиштето на Организацијата во Париз.
Учеството на овој меѓународен собир, во кој Република Македонија е полноправна членка од 28 јуни 1993 година, ја потврдува континуираната посветеност на земјава кон целите и вредностите на УНЕСКО, а претставува и можност за унапредување на видливоста на македонската култура на глобално ниво.
Македонија
Утре без вода дел од скопски Центар
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради дефект во шахта од ф – ¾ на ул. Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција. ( општина Центар )

