Македонија
Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1 лице.
Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1 лице.
Пријавени се три починати лица: две лица од Гостивар (68 и 86) и едно лице од Скопје (82), починати во болнички услови.
Направени се 5.276 теста преку: ИЈЗ – 163, ЦЈЗ Скопје – 37, ЦЈЗ Битола – 72, ЦЈЗ Прилеп – 32, ЦЈЗ Тетово – 43, ЦЈЗ Куманово – 58, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 1, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 6, Институт за микробиологија – 21, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 94, „Авицена“ – 304, „Биотек“ – 203, „Систина“ – 108, лабораторија „Лаор“ – 677, „Синлаб“ – 69, „Ремедика“ – 16, „Плодност“ – 51, „Генеа“ – 2, „Никоб лаб“ – 799, „ВФВ медикал“ – 40, „Ели медика“ – 14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 2.466.
Досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68.979, Активни 221
Куманово 8.971, Активни 72
Прилеп 8.343, Активни 14
Тетово 7.564, Активни 229
Битола 6.344, Активни 34
Велес 5.479, Активни 3
Гостивар 5.261, Активни 68
Кавадарци 5.160, Активни 4
Охрид 5.031, Активни 10
Штип 4.970, Активни 6
Струмица 4.150, Активни 21
Струга 2.991, Активни 8
Кочани 2.804, Активни 9
Кичево 2.625, Активни 19
Гевгелија 2.197, Активни 2
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1.528, Активни 3
Ресен 1.234, Активни 0
Крива Паланка 1.227, Активни 0
Радовиш 1.165, Активни 4
Берово 1.037, Активни 5
Делчево 974, Активни 1
Дебар 971, Активни 27
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 674, Активни 7
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 272, Активни 3
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.
Македонија
Нека е со среќа, нека е аирлија, порача Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“
Во Тетово денеска беше пуштена во употреба реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ .
На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој изрази задоволство што за само неколку месеци со, како што рече, силна и посветена работа, е завршена реконструкцијата на гимназијата.

– Тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците од Општина Тетово коишто го поддржаа овој проект, да се заблагодарам на Министерството за образование, на сите оние коишто се добронамерници за Тетово и тетовци и што изминатиов период се дел, би рекол, од многуте проекти коишто се реализираат во Општина Тетово, изјави Мицкоски.
На учениците и на наставниците од училиштето тој им посака успеси во работата односно во учењето и, рече, „уште многу успешни тетовчани да произлезат од клупите на ова училиште“.

– Нека е со среќа, нека е аирлија и да ни се множат уште многу вакви успешни проекти, додаде премиерот.

