Македонија
Регистрирани се 319 новозаразени со коронавирус, пријавено е едно починато лице
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.720 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 184, Битола – 25, Кавадарци – 23, Куманово – 14, Прилеп – 11, Велес и Кичево – по 9, Гевгелија – 7, Охрид – 6, Неготино и Делчево – по 5, Кочани – 4, Штип, Дебар, Пробоштип, Кратово и Демир Хисар – по 2, Тетово, Струга, Свети Николе, Радовиш, Берово, Валандово и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (319) ,регистрирани се 59 реинфекции.
Регистрирани сe 258 оздравени пациенти од: Скопје – 148, Битола – 20, Охрид – 15, Прилеп – 13, Кавадарци – 9, Куманово – 8, Велес, Гевгелија и Струга – по 5, Кичево, Кочани, Тетово, Виница и Гостивар – по 3, Неготино, Радовиш, Струмица и Македонски Брод – по 2, Штип, Дебар, Пробиштип, Ресен, Крива Паланка, Демир Капија и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице од: Скопје ( 66г ), починато во болнички услови.
Кај починатото лице (1), е регистриран коморбидитет.
Направени се 2.720 тестови преку: ИЈЗ-287, ЦЈЗ Скопје-96, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–190, Жан Митрев (Филип Втори)-63, Авицена-70, Биотек-212, Систина-45, лабораторија Лаор-95, Синлаб-12, Ремедика-14, Плодност-19, Генеа-5, Никоб Лаб-164, ВФВ Медикал-60, Ели Медика Плус-32, Ројал Медика–10, Спектра-ММ-16, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.142.
Досега во земјата се направени вкупно 1.944.313 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.047, бројот на оздравени пациенти е 292.886, на починати е 9.188, а бројот на активни случаи изнесува 1.973.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 142377, Активни 1118
Куманово 16489, Активни 73
Битола 14619, Активни 141
Прилеп 13907, Активни 130
Тетово 13404, Активни 41
Кавадарци 10391, Активни 90
Велес 9637, Активни 28
Гостивар 9514, Активни 16
Охрид 8667, Активни 76
Струмица 7974, Активни 21
Штип 7957, Активни 20
Кичево 5529, Активни 38
Кочани 5026, Активни 20
Струга 4680, Активни 9
Гевгелија 4342, Активни 27
Неготино 3645, Активни 11
Ресен 2663, Активни 16
Свети Николе 2613, Активни 4
Радовиш 2508, Активни 11
Крива Паланка 2403, Активни 6
Делчево 1911, Активни 11
Дебар 1664, Активни 8
Берово 1636, Активни 3
Валандово 1472, Активни 6
Виница 1374, Активни 10
Пробиштип 1261, Активни 3
Богданци 1017, Активни 9
Кратово 958, Активни 9
Крушево 916, Активни 6
Демир Хисар 825, Активни 5
Македонски Брод 735, Активни 1
Демир Капија 586, Активни 3
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 484, Активни 1
Дојран 342, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

