Македонија
Регистрирани 53 новозаразени од коронавирус, пријавени се две починати лица
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.185 теста, а регистрирани се 53 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 38, Битола – 6, Куманово – 2, Тетово, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Берово и Виница – по 1.
Од вкупниот број позитивни (53), регистрирани се 9 реинфекции.
Регистрирани сe 94 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 63, Охрид – 7, Битола – 5, Велес, Кочани и Берово – по 3, Куманово и Неготино – по 2, Прилеп, Тетово, Штип, Струга, Свети Николе и Дебар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ регистрирани се две починати лица, и тоа од: Скопје (53) и Охрид (78). Починале во болнички услови. Пријавените лица се починати во периодот од 3 до 8.5.2022 година
Направени се 1.185 теста преку: ИЈЗ-151, ЦЈЗ Скопје-30, ЦЈЗ Битола-14, ЦЈЗ Прилеп-6, ЦЈЗ Тетово-14, ЦЈЗ Куманово-18, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-6, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–65, Жан Митрев (Филип Втори)-29, Авицена-23, Биотек-68, Систина-35, лабораторија Лаор-10, Синлаб-7, Ремедика-15, Плодност-14, Генеа-9, Никоб лаб-96, ВФВ медикал-12, Ели медика плус-12, Ројал медика–0, Спектра-ММ-3, Рапид лаб–6, Жан Митрев Струмица–2, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 539.
Досега во земјата се направени вкупно 2.061.739 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.345, бројот на оздравени пациенти е 302.602, на починати е 9.311, а бројот на активни случаи изнесува 432.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 147.196, Активни 285
Куманово 16.679, Активни 5
Битола 15.693, Активни 40
Прилеп 14.219, Активни 7
Тетово 13.483, Активни 6
Кавадарци 10.694, Активни 10
Велес 9.799, Активни 7
Гостивар 9.610, Активни 5
Охрид 8.935, Активни 22
Штип 8.078, Активни 13
Струмица 8077, Активни 4
Кичево 5.653, Активни 3
Кочани 5.096, Активни 2
Струга 4.728, Активни 0
Гевгелија 4.423, Активни 1
Неготино 3.698, Активни 6
Ресен 2.751, Активни 1
Свети Николе 2.635, Активни 1
Радовиш 2.531, Активни 0
Крива Паланка 2.418, Активни 0
Делчево 1.986, Активни 1
Берово 1.692, Активни 7
Дебар 1.678, Активни 1
Валандово 1.488, Активни 0
Виница 1.395, Активни 3
Пробиштип 1.267, Активни 0
Богданци 1.021, Активни 0
Кратово 966, Активни 0
Крушево 930, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 739, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

