Македонија
Регистрирани се 89 нови позитивни на ковид, пријавено е едно починато лице
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 656 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 44, Прилеп – 7, Битола и Велес – по 6, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Ресен – 3, Штип, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 2, Струмица, Кочани и Струга – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 26 реинфекции.
Регистрирани сe 125 оздравени пациенти од: Скопје – 82, Битола – 8, Куманово и Велес – по 6, Кавадарци – 4, Неготино и Берово – по 3, Прилеп, Охрид, Струга и Крива Паланка – по 2, Тетово, Гостивар, Штип, Кратово и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Струмица (71г), починато во болнички услови.
Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.161.598 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.075, бројот на оздравени пациенти е 331.865, на починати е 9.521, а бројот на активни случаи изнесува 689.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

