Македонија
Регистрирани 1.295 новозаразени, починаа 26 лица
Во последните 24 часа се направени 3315 тестирања, а регистрирани се 1295 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 539, Куманово – 55, Дебар – 3, Штип – 36, Прилеп – 92, Тетово – 83, Струга – 35, Велес – 40, Битола – 50, Охрид – 26, Кавадарци – 34, Гостивар – 72, Гевгелија – 24, Струмица – 23, Крива Паланка – 7, Радовиш – 3, Крушево – 3, Кочани – 32, Пробиштип – 7, Демир Хисар – 16, Пехчево – 2, Берово – 11, Виница – 7, Делчево – 5, Кратово – 6, Свети Николе 0 -13, Кичево – 40, Ресен – 13, Неготино – 18.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 429 оздравени пациенти од: Скопје – 190, Куманово – 25, Штип – 18, Прилеп – 40, Тетово – 30, Струга – 1, Велес – 26, Битола – 11, Кавадарци – 12, Гостивар – 14, Гевгелија – 13, Струмица – 23, Крива Паланка – 1, Крушево – 1, Кочани – 8, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 1, Берово – 1, Свети Николе – 3, Кичево – 4, Ресен – 1, Неготино – 5.
Починати се 26 лица, шест пациенти од Скопје (88, 80, 60, 63, 69 и 74 г.), еден од Куманово (86 г.), еден од Штип (76 г.), пет пациенти од Прилеп (48, 61, 73, 36 и 74 г.), двајца од Тетово (76 и 77 г.), пациент од Струга (86 г.), шест пациенти од Битола (81, 76, 74, 71, 88 и 82 г.), еден од Охрид (72г), двајца од Кавадарци (77 и 77 г.) и еден пациент од Свети Николе (62 г.).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 43.835, бројката на оздравени пациенти е 25.782, на починати е 1.238, а бројот на активни случаи изнесува 16.815. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 19189, активни 7756
• Куманово 2883, активни 767
• Дебар 402, активни 91
• Штип 2054, активни 460
• Прилеп 2000, активни 832
• Тетово 3000, активни 1014
• Струга 1007, активни 238
• Велес 1313, активни 736
• Битола 1197, активни 606
• Охрид 1059, активни 463
• Кавадарци 810, активни 376
• Гостивар 1646, активни 526
• Гевгелија 542, активни 220 (25 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 92 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1280, активни 627
• Крива Паланка 314, активни 104
• Радовиш 324, активни 118
• Крушево 60, активни 34
• Кочани 964, активни 318
• Пробиштип 283, активни 103
• Демир Хисар 143, активни 70
• Македонски Брод 119, активни 17
• Пехчево 72, активни 13
• Берово 271, активни 80
• Валандово 126, активни 39
• Виница 259, активни 132
• Делчево 337, активни 179 (87 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 111, активни 70
• Свети Николе 586, активни 139
• Кичево 859, активни 372
• Ресен 322, активни 113
• Неготино 303, активни 202 (23 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 3315 теста се преку: ИЈЗ-1140, ЦЈЗ Скопје – 76, Авицена – 406, Биотек – 282, МАНУ – 295, Жан Митрев (Филип Втори) – 206, Систина со PCR метода – 358, лабораторија Лаор – 41, Судска медицина – 8, ЦЈЗ Битола-105, Инфективна клиника – 8, ГАК-0, Синлаб – 78, Ремедика – 45, лабораторија болница Козле – 21, ЈЗУ (рапид тест) – 246, УК Пулмологија со алергологија – 0 , лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 283.085 тестирања на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 458
• Гази Баба – 1066
• Аеродром -1205
• Карпош – 1032
• Центар – 982
• Кисела Вода – 964
• Ѓорче Петров – 639
• Бутел – 400
• Шуто Оризари – 132
• Студеничани – 39
• Сарај – 87
• Арачиново -20
• Илинден – 192
• Сопиште – 58
• Чучер Сандево – 69
• Петровец –74
• Зелениково -47
• Странец – 125
• Нераспределен- 167
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Прв стожер на Стратегијата Македонија 2030 со четири приоритети е државната безбедност и стабилност
„ВМРО-ДПМНЕ како државотворна и одговорна партија, носител на државноста низ изминатите години, уште еднаш ја потврди својата посветеност за развој на Македонија. На последниот партиски конгрес, покрај политички и партиски одлуки, донесе и важен државнички документ, „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“, која претставува визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваа Стратегија на долг рок поставува јасен правец и систем на управување, што импровизацијата ќе ја замени со институционална зрелост, со крајна цел, држава што создава економска моќ, стабилност и самодоверба.
Првиот стожер на Стратегијата Македонија 2030 е државната безбедност, која во време на сериозни геополитички промени, сајбер-напади и хибридни закани станува основа за секоја друга државна политика.
Со овој стожер, Македонија го отвора новото поглавје на државноста што ја градиме заедно, чија стратегија за државната безбедност и стабилност се темели на четири приоритети.
Првиот приоритет е модерна Армија со реални НАТО стандарди, со технолошко унапредување, современи системи на командување и развој на сајбер-одбранбени единици. Армија што навистина го штити државниот интерес.
Сајбер просторот е новото боиште на современиот свет, затоа сајбер-безбедноста е вториот приоритет на овој прв стожер од Стратегијата. За поголема сајбер-безбедност на Македонија, потребен е национален центар за дигитална отпорност, јасни протоколи и стандарди што ќе ги штитат институциите, банките и критичната инфраструктура.
Одбрана од хибридни закани и дезинформации е третиот приоритет, за што создаваме државен механизам за анализа, брза реакција и заштита на демократските процеси, без нарушување на слободата на говор, но со заштита на вистината.
Четвртиот приоритет е модерен систем за управување со кризи, кој опфаќа централен команден столб, автоматизирани процедури и регионална координација за брза, професионална и предвидлива реакција.
Само модерна држава која е отпорна и институционално заштитена може да обезбеди развој и стабилност.
Затоа безбедноста е темелот на државата и само стабилна и заштитена Македонија може да биде економски силна, институционално зрела и политички самоуверена“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: Две објавени бомби чекаат реакција на ДКСК
„Два скандали, две објавени бомби од Антикорупцискиот тим на СДСМ чекаат соодветна институционална рекција од ДКСК и Јавното обвинителство. Првата бомба, фирма со двајца вработени основата минатата година добива 9 милиони евра договори за тендери од владата на Мицкоски, објавена пред 10 дена“, велат од СДСМ.
„Втората бомба, семејна фирма на Томовски, го чисти Буџетот на граѓаните со 5,5 милиони евра.
Бројот е негов, таткото е негов, зетот и внукот се негови, сè е негово. Класичен пример на судир на интереси. На крај, следејќи ја трагата на парите се потврдува дека Томовски е донатор во ДПМНЕ.
Ете како власта преку стари криминални шеми испупува пари од Буџетот кои на крај завршуваат во белата палата.
Со факти, докази, аргументи овие два скандали се документирани целосно. Поднесена е и претставка до Државната комисија за спречување корупција.
Претседателот Филипче ја повика и европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија за расчистување на скандалот со ИПАРД. ДКСК и Јавното обвинителство треба да постапат веднаш, да отоврат предмети, истраги и да следува одговорност.
Сите што го прекршиле законот да одговараат. Антикорупцискиот тим на СДСМ започна и нова фаза во борбата против корупцијата и криминалните шеми на власта на ДПМНЕ и ние продолжуваме, следуваат нови бомби, нови докази. Работата се уште не е завршена“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
СДСМ со прашање за ВМРО-ДПМНЕ: Дали Британците лажат?
„Откако британските медиуми објавија нови информации со прецизни детали дека се договорени 20 илјади фунти по мигрант и дека Македонија е прва држава која се согласила на ваков договор имаме прашање до ВМРО-ДПМНЕ: дали британските медиуми лажат“, прашуваат од СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ со техниката за препишување или по ново „copy-paste“ измислува оправдувања кои не поминуваат веќе ниту кај малите деца.
Фатени се во лаги, само фабрикуваат невистини. Кујната на лаги на ДПМНЕ не застанува.
Томовски нема одговор но затоа целото ДПМНЕ застана да го брани за скандалот со семејната фирма.
Бројот е негов, таткото е негов, зетот и внукот се негови, сите се негови и гледаме 5,3 милиони евра, 161 тендер за семејната фирма.
Па уште и нормално било да донира во ДПМНЕ, сите било нормално да донираат откако ќе свртат тендери и пари на граѓаните.
За злоупотреби со народните пари се оди во затвор не во партија.
Туку, да прашаме до каде се со одговорите за првата бомба и скандалот со 9 милиони евра за една форма со двајца вработени и основана лани? Зошто нема одговор?
ВМРО-ДПМНЕ на големо ги краде граѓаните додека Македонија ја претвораат во црна точка на Европла, додека коридорите европски не заобиколуваат а младите се иселуваат.
Но они претставуваат програма со 6 столбови „Ќациленд“, како Скопје 2014. Тогаш со стирпорт, а овој пат со шатори. Нив може да им текне за нови споменици од 600 милиони евра покрај тие шатори.
Велат нема мигранти а договараат 20 илјади фунти по мигрант. Еве ги чекаме да кажат дали Британците лажат? Нека одговорат. Работата не е завршена. Сите ќе одговарате“, соопштуваат од СДСМ.

