Македонија
Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, Струмица-26, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-2, Кочани-12, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод -5, Пехчево-1, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-14, Кичево-36, Ресен-6, Неготино-27.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 680 оздравени пациенти од: Скопје-274, Куманово-34, Дебар-3, Штип-29, Прилеп-51, Тетово-43, Велес-37, Битола-28, Охрид-11, Кавадарци-15, Гостивар-19, Гевгелија-6, Струмица-19, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-15, Пробиштип-5, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Берово-5, Валандово-6, Виница-7, Делчево-4, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-20, Ресен-2 и Неготино-10.
Починати се 41 лице, седумнаесет пациенти од Скопје (82, 80, 69, 55, 55, 60, 69, 81, 64, 84, 78, 55, 80, 31, 98, 80 и 49), двајца од Прилеп (56 и 71), двајца од Велес (76 и 58), тројца пациенти од Битола (75, 60 и 77), четири од Охрид (60, 74, 72 и 66), еден пациент од Кавадарци (67), четири од Гостивар (72, 91, 56 и 54), тројца од Струмица (78, 63 и 70), еден од Радовиш (67г), еден од Кочани (68), еден од Пробиштип (85), еден од Валандово (75) и еден пациент од Кичево (66). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 60723, бројката на оздравени пациенти е 37505, на починати е 1699, а бројот на активни случаи изнесува 21519. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 26602, активни 10382
• Куманово 3686, активни 933
• Дебар 460, активни 95
• Штип 2622, активни 550
• Прилеп 2969, активни 1073
• Тетово 3770, активни 949
• Струга 1412, активни 448
• Велес 1943, активни 726
• Битола 1980, активни 851
• Охрид 1571, активни 628
• Кавадарци 1213, активни 479
• Гостивар 2479, активни 939
• Гевгелија 712, активни 227 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 129 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1680, активни 592
• Крива Паланка 423, активни 120
• Радовиш 421, активни 114
• Крушево 130, активни 76
• Кочани 1227, активни 287
• Пробиштип 354, активни 83
• Демир Хисар 197, активни 87
• Македонски Брод 168, активни 49
• Пехчево 97, активни 23
• Берово 347, активни 84
• Валандово 206, активни 66
• Виница 367, активни 158
• Делчево 439, активни 191 (123 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 152, активни 57
• Свети Николе 821, активни 228
• Кичево 1254, активни 516
• Ресен 458, активни 198
• Неготино 563, активни 310 (67 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 3127 теста се преку: ИЈЗ-751, ЦЈЗ Скопје-62, Авицена-284, Биотек-296, МАНУ -206, Жан Митрев (Филип Втори)-226, Систина со PCR метода -247, лабораторија Лаор –51, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-8, ГАК-0, Синлаб-63, Ремедика-41, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -791, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 329.086 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол.
„Скопје, чисто и проодно! Со навремена и организирана реакција, градските служби од раните утрински часови интервенираа ефикасно на сите клучни булевари и улици под надлежност на Град Скопје. Со употреба на повеќе од 300 тони сол, обезбедивме безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Грижата за безбедноста на граѓаните и функционалноста на градот останува наш приоритет, Скопје мора да функционира, без разлика на временските услови“, напиша Ѓорѓиевски.
Сепак, по социјалните мрежи утрово граѓаните од речиси цело Скопје соделуваа фотографии и видеа од непроодни и неисчистени улици, а многумина од нив задоцнија на работа.
Македонија
Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети
Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или движење на повеќе луѓе. Поконкретно, станува збор за простор околу здравствени, образовни и социјални установи, јавни настани, спортски и културни настани, како и места наменети за деца, млади и семејства.
„Ова е особено важен аспект од законската рамка, имајќи предвид дека кога луѓето се блиску, чадот и аеросолот директно се вдишуваат, а изложеноста е непосредна. На јавни отворени простори граѓаните немаат реален избор да се оддалечат, а особено децата, постарите и хронично болните. Законот интервенира само таму каде што постои неизбежна изложеност на други лица, со цел јавниот простор да биде здрав простор за сите“, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Посебен акцент е ставен нa локациите каде луѓето не можат реално да избегнат изложеност на чадот од цигари, како на пример, при чекање во ред, простори на отворено каде се престојува подолго и други јавни собири на отворено. За илустрација, луѓето кои чекаат во редица за да купат билет за влез во установа од областа на културата или за влез на спортски натпревар, реално не можат да избегнат изложеност на чад од цигари. Целта на предлог-законот е да се заштити здравјето на оваа категорија население.
Исто така, во делот на регулирање на пушењето на отворени јавни простори, посебно е ограничено пушењето на места наменети за деца, млади и семејства, како на пример пред детските игротеки, каде најмладите не би можеле да избегнат изложеност на чад од цигарите.
Отворен простор не значи автоматски безбеден простор, доколку истиот е функционално ограничен или кога луѓето се наоѓаат на мало растојание и се директно изложени на чад од цигари. Токму затоа, ова е еден од клучните аспекти на законската рамка за заштита на здравјето на населението, а особено на најмладите, појаснува министерот Алиу.
Македонија
Со поддршка од ЕУ, поставени темелите за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион
Министерството за животна средина и просторно планирање, заедно со проектниот конзорциум ENVIROPLAN S.A. (лидер) – WEGlobal, денеска во Скопје ја одржа завршната работилница од проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата, со што формално беше означено завршувањето на имплементацијата на проектот.
На отворањето на настанот, поздравни обраќања имаа заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, и раководител на секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Штефан Худолин, при што беше истакната стратешката важност на проектот за воспоставување интегриран, одржлив и со европските стандарди усогласен систем за управување со отпад на регионално ниво.
Целта на работилницата беше да се презентираат целите на проектот, клучните активности и постигнатите резултати, како и да се отворат дискусии за следните чекори во насока на целосна имплементација на регионалните системи за управување со отпад во двата плански региони, во согласност со европското законодавство и Зелената агенда за Западен Балкан. Проектот претставува клучен предуслов за премин од фрагментирани кон системски решенија во управувањето со отпадот.
Во своето обраќање, заменик министерката Лашкоска нагласи дека проектот претставува значаен исчекор од планови кон реализација:
„Овој проект покажува дека европските политики не остануваат само на хартија, туку се преточуваат во конкретни и мерливи резултати на терен – преку зајакнување на институционалните капацитети, подобрување на инфраструктурата и создавање услови за одржливо управување со отпад.“
Таа додаде дека реализираните активности создаваат стабилна основа за следната фаза:
„Со овој проект ги поставуваме темелите за воспоставување функционални регионални системи за управување со отпад, со јасна визија за нивна изградба и практична имплементација, во интерес на граѓаните и животната средина.“
Проектот, кој се спроведуваше во период од 24 месеци, опфати изработка на стратешки и технички документи, студии за влијание врз животната средина, зајакнување на капацитетите на општините и јавните комунални претпријатија, како и набавка на возила и контејнери за сите 18 општини во Источниот и Североисточниот регион. Со проектните активности, особено во Источниот регион, беа затворени и критични и нестандардни локации, со што беше даден јасен придонес кон намалување на дивите депонии и унапредување на еколошките стандарди.
Проектот претставува значаен придонес во процесот на усогласување со законодавството на Европската Унија во областа на животната средина и е составен дел од спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан, како и од националните напори за воспоставување одржливи и модерни системи за управување со отпад.

