Македонија
Регистрирани 151 новoзаразен од коронавирус во последните три дена, нема починати лица
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена, од 20.5 до 22.5.2022, биле направени 2.780 теста, а регистрирани се 151 нов случај на Ковид-19: Скопје – 95, Битола – 18, Охрид – 8, Куманово и Штип – по 5, Прилеп и Тетово – по 3, Кичево, Свети Николе и Делчево – по 2, Кавадарци, Велес, Кочани, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Дебар и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број позитивни (151), регистрирани се 17 реинфекции.
Регистрирани сe 184 оздравени пациентим и тоа од: Скопје – 116, Битола – 27, Прилеп – 7, Берово – 6, Охрид – 5, Куманово, Тетово, Кавадарци и Кочани – по 3, Кичево, Гостивар и Ресен – по 2, Свети Николе, Велес, Гевгелија, Неготино и Струга – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 20.5 до 22.5.2022) и во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, нема пријавени починати лица.
Направени се 2.780 теста преку: ИЈЗ-220, ЦЈЗ Скопје-128, ЦЈЗ Битола-68, ЦЈЗ Прилеп-26, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-34, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–93, Жан Митрев (Филип Втори)-62, Авицена-66, Биотек-98, Систина-63, лабораторија Лаор-49, Синлаб-2, Ремедика-9, Плодност-15, Генеа-44, Никоб лаб-213, ВФВ медикал-32, Ели медика плус-34, Ројал медика–1, Спектра-ММ-3, Рапид лаб–30, Жан Митрев Струмица–4, Нова лаб дијагностика–4, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.454.
Досега во земјата се направени вкупно 2.046.474 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.350, бројот на оздравени пациенти е 301.545, на починатие 9.297, а бројот на активни случаи изнесува 508.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 146.504, Активни 317
Куманово 16.671, Активни 16
Битола 15.606, Активни 59
Прилеп 14.201, Активни 14
Тетово 13.473, Активни 5
Кавадарци 10.677, Активни 8
Велес 9.785, Активни 3
Гостивар 9.604, Активни 4
Охрид 8.898, Активни 15
Струмица 8.072, Активни 2
Штип 8.051, Активни 15
Кичево 5.645, Активни 9
Кочани 5.089, Активни 3
Струга 4.724, Активни 1
Гевгелија 4.419, Активни 3
Неготино 3.688, Активни 2
Ресен 2.746, Активни 9
Свети Николе 2.630, Активни 4
Радовиш 2.531, Активни 1
Крива Паланка 2.415, Активни 1
Делчево 1.985, Активни 3
Дебар 1.676, Активни 2
Берово 1.676, Активни 7
Валандово 1.488, Активни 0
Виница 1.393, Активни 0
Пробиштип 1.267, Активни 0
Богданци 1.021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 927, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 1
Македонски Брод 737, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 2
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

