Македонија
Регистрирани 188 новозаразени и петмина починати од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.971 тестирањe, а регистрирани се 188 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 44, Куманово – 21, Дебар – 1, Штип – 18, Тетово – 24, Струга – 21, Велес – 1, Битола – 5, Охрид – 6, Кавадарци – 3, Гостивар – 23, Крива Паланка – 1, Кочани – 1, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 3, Кичево – 10, Ресен – 1 и два во Неготино.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 268 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 105, Куманово – 23, Дебар – 2, Штип – 1, Прилеп – 1,Тетово – 41, Струга – 22, Велес – 5, Битола – 3, Охрид – 19, Гостивар – 12, Радовиш – 1, Пробиштип – 3, Демир Хисар – 1, Св. Николе – 12, Кичево – 13 и четворица од Ресен.
Починати се 5 лица, пациентка од Скопје (62), пациент од Битола (74), пациентка од Куманово (78), двајца пациенти од Тетово (61 и 76). Од нив, четворица починале во болнички услови, а еден вонболнички.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.503, бројката на оздравени пациенти е 5.931, на починати е 476, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.096. Во моментот бројот на активни случаи по градови е следен:
• Скопје 4.743, активни 1.803
• Куманово 1.023, активни 291
• Дебар 193, активни 123
• Штип 792, активни 436
• Прилеп 327, активни 54
• Тетово 1024, активни 251
• Струга 439, активни 190
• Велес 213, активни 16
• Битола 127, активни 66
• Охрид 271, активни 86
• Кавадарци 54, активни 37
• Гостивар 416, активни 251
• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 35, активни 23
• Крива Паланка 23, активни 9
• Радовиш 29, активни 23
• Крушево 15, активни 9
• Кочани 97, активни 24
• Пробиштип 50, активни 28
• Демир Хисар 26, активни 23
• Македонски Брод 19, активни 15
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 8, активни 4
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 13, активни 8
• Свети Николе 220, активни 180
• Кичево 134, активни 89
• Ресен 144, активни 36
• Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјавт се направени вкупно 99.615 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 86 лица. На кислородна поддршка се 40, а нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 4 позитивни деца и 4 пациенти суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани се 98 пациенти. На респираторна машина се 5 лица.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 37, а во болницата во Штип – 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 117 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Во согласност со новите податоци статистиката на активни случаи во скопските општини денес изгледа вaка:
• Чаир – 257
• Аеродром – 193
• Бутел – 125
• Гази Баба – 177
• Центар – 150
• Карпош – 158
• Сарај – 104
• Кисела Вода – 177
• Ѓорче Петров – 120
• Студеничани – 82
• Шуто Оризари – 127
• Арачиново – 36
• Илинден – 26
• Петровец – 19
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 21
• Зелениково – 8
• Странец – 7
• Нераспределен – 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Андоновски учесник на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори – MWC26 во Барселона: во фокусот проектот „Роаминг како дома“
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска е во работна посета на Барселона, Шпанија каде учествува на MWC26 (Mobile World Congress) – најголемиот светски настан кој ги обединува креаторите на политики за дигитализација, претставници на телеком операторите и најголемите производители на мобилни уреди и дигитални решенија во светот.
Во рамки на својата посета, министерот се задржа на лобирање за принципот „роаминг како дома“, со цел понатамошно унапредување на условите за граѓаните и бизнисите преку намалување на трошоците за роаминг и приближување кон европските стандарди.
Министерот Андоновски беше дел од GSMA Ministerial Programme, каде се дискутираше за клучни политики и приоритети поврзани со поврзливоста, дигиталната инфраструктура, безбедноста и идните мрежни технологии.
„Ова е најголемиот светски настан кој ги обединува креаторите на политики за дигитализација, претставници на телеком операторите и најголемите производители на мобилни уреди во светот. Заедно со претставници на Влади и претставници на приватниот сектор, разговараме за прашањата кои најмногу ги засегаат нашите граѓани и корисниците, а тоа за нас секако е проектот „Роаминг како дома“ – што значи цени како дома за користење на мобилни услуги, СМС пораки и интернет било каде во Европската Унија. Можам да кажам дека од владите и од нашите меѓународни партнери добиваме голема поддршка за овој проект, но и разбирање од големите телеком оператори“, истакна Андоновски.
Министерот додаде: „Во текот на денот имав можност да се сретнам со мобилни оператори кои се присутни во Македонија, но и со бројни светски производители на опрема, даватели на облак (cloud) услуги, каде што разговаравме за најважните прашања кои во моментов го засегаат секторот на дигитализација: изградба на дата центри, вештачка интелигенција, сајбер безбедност и целосна дигитална трансформација на општеството.“

