Македонија
Регистрирани 195 новозаразени со коронавирус, пријавени се 3 починати лица
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 2.249 тестови, а регистрирани биле 195 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 107, Битола – 16, Охрид – 11, Прилеп и Кавадарци – по 9, Велес, Струмица и Делчево – по 4, Гостивар, Кичево, Кочани и Крушево – по 3, Куманово, Штип, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Демир Капија – по 2, Тетово, Струга, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 1 лице.
Од вкупниот број на позитивни (195), регистрирани се 29 реинфекции.
Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од: Скопје – 117, Битола и Кавадарци – по 15, Охрид – 11, Струга – 7, Куманово – 6, Прилеп – 5, Велес – 4, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 3, Делчево, Гостивар, Штип, Валандово и Неготино – по 2, Радовиш и Берово – по 1 лице.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од Скопје (71г и 85г), двете лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид (83г), починато во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (3) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.249 тестови преку: ИЈЗ-259, ЦЈЗ Скопје-83, ЦЈЗ Битола-79, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово-16, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–8, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–176, Жан Митрев (Филип Втори)-36, Авицена-48, Биотек-44, Систина-32, лабораторија Лаор-59, Синлаб-8, Ремедика-22, Плодност-22, Генеа-7, Никоб лаб-187, ВФВ Медикал-21, Ели Медика плус-21, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-8, Рапид лаб–5, Жан Митрев Струмица–5, Нова лаб дијагностика–5, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.010.
Досега во земјата се направени вкупно 1.974.520 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.142, бројот на оздравени пациенти е 296.373, на починати е 9.234, а бројот на активни случаи изнесува 1.535
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 144160, Активни 824
Куманово 16578, Активни 34
Битола 14920, Активни 167
Прилеп 14044, Активни 83
Тетово 13425, Активни 17
Кавадарци 10547, Активни 74
Велес 9698, Активни 22
Гостивар 9544, Активни 13
Охрид 8785, Активни 79
Струмица 8018, Активни 25
Штип 7983, Активни 15
Кичево 5582, Активни 31
Кочани 5060, Активни 13
Струга 4703, Активни 13
Гевгелија 4385, Активни 23
Неготино 3662, Активни 5
Ресен 2692, Активни 17
Свети Николе 2619, Активни 6
Радовиш 2517, Активни 8
Крива Паланка 2412, Активни 6
Делчево 1959, Активни 23
Дебар 1673, Активни 4
Берово 1639, Активни 2
Валандово 1479, Активни 3
Виница 1383, Активни 6
Пробиштип 1266, Активни 3
Богданци 1018, Активни 1
Кратово 961, Активни 3
Крушево 927, Активни 10
Демир Хисар 825, Активни 0
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 588, Активни 2
Македонска Каменица 524, Активни 1
Пехчево 486, Активни 1
Дојран 344, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

