Контакт

Македонија

Регистрирани 202 заболени лица од грип

Објавено пред

Oд 8 до 15 април, во земјата се пријавени 202 случаи со заболувања слични на грип, што е за 28,6 проценти намалување во споредба со минатата недела, соопшти Институтот за јавно здравје на својата веб-страна.

dobivaj vesti na viber

Бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 47,4 проценти споредено со 15-та недела од минатата сезона, а во однос на бројот за 15-та недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 8 сезони,  постои двојно зголемување, велат од Институтот.

Регистрираната инциденца оваа недела е под границата за сезонска активност.

Во текот на изминатата недела, не се регистрирани смртни случаи асоцирани со грип.

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 17 материјали за тестирање на грип, од кои 2 (11,8 проценти) позитивни за присуство на вирусот на грип –Influenza A(H3).

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Манасиевски: Дали Филипче е изземен од случајот Онкологија, каде што се остварила добивка преку измама во висина од 2,2 милијарди денари

Објавено пред

Нов ден, старо нов скандал, а сето ова додека Филипче бил министер за здравство, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според него, во периодот од 2018-2022, кога Венко Филипче бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра.

„Вчерашната одлука на ОЈО, за завршување на истрагата за случајот Онкологија, каде што се поднесени кривични пријави на две лица, поранешни директори во Онкологија Нино Васев и Нехат Нухи, а ќе се водат истраги и против лекари кои биле вмешани во случајот, додека омилениот обвинител на СДС и ДУИ, Гаврил Бубевски, не покренува истрага против Филипче, иако Филипче самиот директно или индиректно, има дозволено системски башибозук и непочитување на шеесетина законски одредби.

Според членот 295 од Законот за здравствена заштита, каде што се вели, цитирам „Надзор над законитоста на работата на здравствените установи врши Министерството за здравство“, што значи дека Филипче бил директно одговорен за истото“.

Го прашува Филипче, а обвинителството, како што рече треба да истражи, а не да затвора случаи, дали Филипче знаел дека не се дава онколошка терапија и дека одреден дел се крадел и продавал дури на црниот пазар во Косово.

„Дали Филипче имал преглед дека немало следливост на онколошката терапија или бил соучесник во истите?

Исто така, Филипче да одговори за долгот на Онкологија од 12 милиони евра? И да не заборавиме, дали сето ова што се случуваше на Онкологија, беше само за компаниите блиски до Филипче, да продаваат лекови и терапии, по екстремно високи цени за граѓаните кои треба да примат онколошка терапија“.

Огромни пари, заклучува Манасиевски се исцедени од Буџетот на државата, токму во периодите на власт на Филипче.

Филипче, како што оцени тој, мора да одговара за секој еден случај, којшто е поврзан со него.

„Доста е криење по партиски штабови и состаноци со неколкумина потрчковци кои седат до него и го снимаат, само за да не излезе во јавност и да ги избегне нашите прашања. Филипче е синоним за криминал, корупција и неспособност.

Прикажи повеќе...

Македонија

Британската амбасада по договорот: Почнува нова ера во односите со Северна Македонија

Објавено пред

Почнува нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија по потпишувањето на договорот влада со влада, соопшти британската амбасада во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се вели дека партнерството ќе ја зајакне трговијата и ќе поттикне економски раст.

„Ова партнерство ја поддржува реализацијата на клучни инфраструктурни проекти во разни сектори, вклучувајќи транспорт, здравство, енергија и технологија. Ќе има пристап до широка поддршка, вклучувајќи техничка помош и до 5 милијарди фунти поддршка од ‘УК експорт финанс“ за проекти во Северна Македонија. Партнерството ја нагласува заложбата на двете нации за соработка на клучни инфраструктурни проекти, кои носат социјални, економски и еколошки придобивки. Со искористувањето на експертизата и иновациите на двете земји ова партнерство ќе овозможи развој на отпорна инфраструктура што поттикнува раст и благосостојба“, велат од Амбасадата.

Формалната церемонија на потпишување се одржа вчера, 22 мај, во Лондон во присуство на британскиот министер за извоз, Герет Томас, и вицепремиерот Александар Николоски.

Министерот за извоз Герет Томас ја изрази својата возбуда:

„Ова партнерство отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија. Обединетото Кралство има огромно искуство во испорака на висококвалитетна инфраструктура во светот и драго ми е што го почнуваме ова ново партнерство што ќе помогне повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“.

Британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју Лосон, изјави:

„Остваривме значаен чекор во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија со потпишувањето на договорот влада со влада. Г2Г ќе ги зајакне веќе одличните трговски врски меѓу нашите земји и ќе ја поддржи реализацијата на клучни инфраструктурни проекти во сектори како транспорт, здравство, енергија и технологија. Како британски амбасадор, се гордеам што нашите влади го постигнаа ова историско партнерство, кое ќе им користи на граѓаните на двете земји. Стоиме заедно силни и обединети“.

Неодамна британскиот премиер Кир Стармер и македонскиот премиер Христијан Мицкоски го поздравија новото стратешко партнерство на Ссмитот на Европската политичка заедница во Тирана, на 16 мај 2025 година. Ова Г2Г претставува почеток на проширена трговска и инфраструктурна соработка.

Партнерствата влада со влада (Г2Г) се формални договори со кои се овозможува пристап до јавна и приватна британска експертиза за конкретни проекти или програми со комерцијални придобивки.

Вкупната трговска размена (извоз и увоз) меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија изнесувала 1,7 милијарда фунти во четирите квартали заклучно со третиот квартал од 2024 година.

Обединетото Кралство е втор најголем трговски партнер на Северна Македонија во истиот период.

Прикажи повеќе...

Македонија

Промоција на новите паркинг-билети на ЈП ПОЦ

Објавено пред

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, вчера, успешно реализира информативна акција за промоција на новите паркинг-билети во Дебар Маало, соопштија од таму.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на акцијата, како што информираат, на граѓаните им беа дистрибуирани летоци со информации за новите типови на паркинг-билети достапни во Општина Центар.

„Станува збор за мултинеделен паркинг-билет, со цена од 2.000 денари, која важи 7 дена и овозможува паркирање на сите комерцијални паркиралишта во зона 1 и зона 2.

Гостински паркинг-билети, наменети исклучиво за жители со склучен кориснички договор, и тоа:
– дневен гостински билет  по цена од 300 денари;

– неделен гостински билет – по цена од 1.200 денари.

Овие гостински билети, според соопштеното, може да се користат само на отворени типови паркиралишта (комерцијални и резидентни) во секторот во кој жителот има пријавено живеалиште.

На настанот учестуваа градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, и директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски, кои на самото место остварија средби со граѓаните и ги информираа за придобивките од новите паркинг-билети. Тие ја истакнаа важноста на модернизацијата на паркинг-системот и овозможувањето полесен и поефикасен пристап за сите корисници.

„Со оваа активнос, продолжуваме со транспарентна комуникација со жителите на општината и креирање практични решенија за секојдневните потреби на граѓаните. Новите паркинг-билети се дизајнирани за поголема флексибилност и ефикасност при користење на паркинзите во Центар,и може да се купат на ве- страницата www.poc.mk“, се истакнува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Британската амбасада по договорот: Почнува нова ера во односите со Северна Македонија

Почнува нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија по потпишувањето на договорот влада со влада, соопшти британската...

Македонија1 час

Муцунски ја пречека Каја Калас: Ќе разговараме за недвосмислената европска перспектива

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ѝ посака добредојде на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика,...

Македонија1 час

Предложен притвор и мерки на претпазливост за обвинетите во предметот „Онкологија“

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог...

Македонија3 часа

Даниловски за мајмунските сипаници: Болеста не се пренесува лесно, претпазливост, но не и паника

Откога Институтот за јавно здравје вчера потврди два случаја на monkeypox – мајмунски сипаници во Македонија, епидемиологот Драган Даниловски на...

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова во посета на Ватикан на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италија и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна...

Македонија4 часа

Мицкоски продолжува и на јавната сцена да демонстрира одбивност кон Албанците, велат од ДУИ

Јавното понижување на градоначалникот на Тетово пред сите камери, пред целата јавност, всушност преставува логична последица на моноетничката доминација во...

Свет5 часа

Европол разби огромна хакерска мрежа: „Го погодивме самиот извор на нападот“

Меѓународната операција против сајбер криминалот, наречена Операција „Endgame“, силно ги погоди глобалните мрежи за хакирање. Во периодот од 19 до...

Свет6 часа

Шефот на СЗО го повика Израел да покаже милост во Газа: Замислете како луѓето страдаат

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) го повика Израел да покаже милост во војната во Газа. Во емотивно обраќање на...

Македонија7 часа

Каја Калас денеска во Скопје ќе се сретне со Мицкоски

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес доаѓа во Скопје. Калас ќе се...

Македонија15 часа

Два случаи на мајмунски сипаници во Македонија: потврди Институтот за јавно здравје

Денес во ЈЗУ Институт за јавно здравје од Клиниката за кожни болести биле упатени двајца пациенти суспектни за Monkeypox –...

Македонија22 часа

Данела му одговори на Мицкоски: „Благодарам на можноста господине Мицкоски да делувам едукативно на вас“

Жалам што првиот човек на Владата се уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира...

Македонија22 часа

Уапсени полицајци – дозволиле студенти од Турција нелегално да престојуваат во земјава

По неколкумесечна предистражна постапка, денеска полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал...

Македонија23 часа

Славески ќе си замине од функцијата претседавач во Советот на Град Скопје доколку биде избран за гувернер

Професорот и претседавач на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, доколку биде избран за гувернер на Народната банка на Република...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер

Наместо експерт – партиски пулен, СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер, изјави пратеникот Оливер Спасовски. Според него, изборот...

Македонија1 ден

Поднесени две обвиненија за „Онкологија“: 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 непотребна терапија

Скопското обвинителство поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“, со кој се опфатени шест лица, и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор...

Македонија1 ден

(Видео) Самохрана мајка од Кочани дала отказ за да се грижи за повредениот син: „Ни треба помош од државата“

Силвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, зборуваше за состојбата во која се наоѓа семејството по пожарот во „Пулс“ и...

Македонија1 ден

Мицкоски ја повика Арсовска да постапи за дивоградбата во Чаир: Таа има ингеренции, од филозофирање и гола реторика народот нема фајде

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека...

Македонија1 ден

Лековите за ретки болести не биле евидентирани во сметководствената евиденција, покажа ревизорскиот извештај за Хематологија

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеноста на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника...

Топ1 ден

24-годишник од Струшко со „мерцедес“ излетал од пат: двајца тешко повредени

Вчера околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во...

Македонија1 ден

Во Лондон денеска ќе биде потпишан договорот меѓу владите на Македонија и на Велика Британија

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Македонија и на Велика Британија ќе биде потпишан денеска во Лондон. Вицепремиерот и...