Македонија
Рекордни 243 нови случаи на коронавирус, починаа 4 лица

Во последните 24 часа се направени 1.831 тестирања, а регистрирани се 243 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-98, Струмица-21, Прилеп-12, Свети Николе-12, Кочани-11, Куманово-11, Струга-9, Радовиш-9, Берово-9, Штип-7, Битола-5, Гостивар-5, Гевгелија-5, Охрид-5, Кавадарци-4, Валандово-4, Велес-3, Крива Паланка-2, Виница-2, Делчево-2, Тетово-2, Неготино-2, Кичево-1,Пробиштип-1, Демир Хисар-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 100 оздравени пациенти од: Скопје-39, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-4, Велес-7, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-6, Гевгелија-2, Струмица-10, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Делчево-1, Кичево-2, Ресен-5.
Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (65г.), од Битола (82г.), и двајца од Куманово (72 и 80г.). Три пациенти се починати во болница, еден вон болнички.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18602, бројката на оздравени пациенти е 15264, на починати е 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2585. Денес се евидентираат четири контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 7291, активни 891
• Куманово 1795, активни 186
• Дебар 287, активни 32
• Штип 1275, активни 60
• Прилеп 709, активни 134
• Тетово 1472, активни 149
• Струга 685, активни 50
• Велес 337, активни 31
• Битола 328, активни 73
• Охрид 437, активни 37
• Кавадарци 251, активни 49
• Гостивар 943, активни 82
• Гевгелија 135, активни 45 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 18 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 293, активни 178
• Крива Паланка 122, активни 36
• Радовиш 99, активни 35
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 403, активни 183
• Пробиштип 117, активни 20
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 6
• Пехчево 45, активни 4
• Берово 122, активни 46
• Валандово 44, активни 31
• Виница 119, активни 30
• Делчево 167, активни 83 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 371, активни 58
• Кичево 333, активни 35
• Ресен 164, активни 6
• Неготино 57, активни 10 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1831 теста се преку: ИЈЗ-502, ЦЈЗ Скопје-91, Авицена-336, Биотек-252, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори)-230, Систина со PCR метода -113, лабораторија Лаор –69, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-10, ГАК-17, Синлаб-22, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 193.652 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 65
• Гази Баба – 102
• Аеродром – 144
• Карпош – 129
• Центар – 142
• Кисела Вода – 104
• Ѓорче Петров – 64
• Бутел – 32
• Шуто Оризари – 18
• Студеничани – 7
• Сарај – 15
• Арачиново – 6
• Илинден – 35
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 6
• Зелениково – 3
• Странец – 11
• Нераспределен-0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сериозен дефект на водоводна цевка во Влае, голем дел од Скопје без вода

ЈП Водовод и канализација извести дека вечерва поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф600мм. на улицата Франце Прешерн 100Д во населба Влае со прекинато водоснабдување ќе биде голем дел од градот, а останатот дел од градот ке биде со намален притисок.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.
Македонија
Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем број, знам дека тука ќе победиме. А ќе победиме затоа што Струмица крева глава, се ослободува од стегите кои две децении ја заробија во она што се вика фамилија која го запоседна градот. Ја заробија во еден затворен круг на фирми, луѓе, поединци и бизниси кои живеат на грбот на струмичани. Тие станаа милионери, народот остана сиромашен. Тие градат згради во Дубаи, народот остана разочаран, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Струмица.
Според Мицкоски предолго траеше овој процес, предолго беа заробени надежите, среќата и очекувањата на луѓето, им беше одземено правото на иднина.
„И на овој зачаран круг сега му дојде времето на промените. А промените овде се природен процес, последица и рефлексија – одговор на народот на она што го видел и претрпел низ годините. Од тука, од Струмица, со години се водеа најголемите зделки што ја уништуваа Македонија. Од тука тргнуваа политичките комбинации што ја оставија државата заробена и граѓаните разочарани. Ова е градот на гуруто на Филипче, човекот кој ја симболизираше целата таа мрежа на криминал, корупција и лични интереси.
Денес, неговиот наследник Венко Филипче често доаѓа овде – не за да понуди визија за иднината, да земе инструкции од Заеви. Нè убедуваа дека ова е непобедливо упориште на СДСМ, дека тука нема промени. Но времињата се менуваат. Еве нè, тука исправени со вас, од убавата и горда Струмица. Дојде денот кога тие ќе паднат, а народот ќе победи. Струмица ќе победи“, кажа Мицкоски.
Македонија
Рунтевски: Докажавме како вистински се води еден град, продолжуваме да ја грдиме иднината на Берово

Кандидатот за Градоначалник на општина Берово од СДСМ, Илија Рунтевски, пред граѓаните испрати пораки за заедништво, континуитет и развој, истакнувајќи ја иднината на Берово како заедничка цел која ќе се гради со работа и љубов кон градот и неговите луѓе.
„Иднината на нашето убаво Берово е заедничка цел. Ќе ја градиме заедно, чекор по чекор, со посветеност,“ рече Рунтевски.
Тој упати благодарност до актуелниот градоначалник Ѕвонко Пекенски, за кого рече дека оставил силен печат во развојот на општината.
„Со гордост можеме да кажеме дека Берово е препознатливо како зелена оаза, туристички центар и место со потенцијал. Тоа е темелот врз кој треба да продолжиме. Нашата задача е јасна, да го задржиме темпото и да внесеме нова енергија и идеи за Берово да биде модерен, урбан дом за сите генерации.“
Рунтевски потенцираше дека како иден Градоначалник ќе биде секојдневно меѓу граѓаните, со отворена врата за сите, од инвеститори до млади што сакаат иднината да ја градат во Берово.
„Ќе продолжиме со модернизација на инфраструктурата, улици, тротоари, осветлување. Ќе инвестираме во паркови, градинки и спортски капацитети, за нашите деца да растат во здрава средина.“
Тој најави силен фокус на туризмот и екологијата:
„Беровско Езеро, Малешевските Планини и природата се потенцијал што мора да го негуваме. Зелено Берово мора да стане симбол на здрава животна средина.“
Во планот се и подобри социјални услуги, поддршка за ранливите категории и достапна грижа за сите.
Меѓу клучните проекти во неговата програма се: изградба на канализација и прочистителна станица во Беровско Езеро, реконструкција на кино салата, уредување на речното корито на Брегалница, пешачка патека до манастирот Успение на Пресвета Богородица, реконструкција на објектот „Стара гимназија“ како спортски центар, нов урбанистички план за поддршка на мало стопанство, реконструкција на теренот на ОПК Малешево, проширување на Домот за стари лица, брендирање на регионот како туристичка дестинација.
„Ќе продолжиме силно напред. Нашата сила е во единството. Ако изминатите години беа доказ дека можеме да го промениме Берово, сега е време за уште поголем чекор, да го издигнеме Берово на повисоко ниво кое носи развој и просперитет,“ порача Рунтевски.