Македонија
Регистрирани 284 нови случаи на Ковид 19, починати 21
Денеска се регистрирани 284 нови случаи на Ковид-19, а починати се 21, известуваaт од Министерството за здравство.
Од таму додаваaт дека во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања, а регистрирани се 284 нови случаи на Ковид-19.
Во Скопје се регистрирани 152 пациенти, Кавадарци – 29, Прилеп – 21, Кочани – 17, Штип – 10, Неготино – 7, Куманово и Охрид по 6 пациенти.
Во Тетово и Гевгелија регистрирани се по 5, Демир Капија – 4, Гостивар и Струмица по 3, Велес, Струга, Свети Николе и Берово по 2, Кичево, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово по 1 пациент.
Регистрирани се 449 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје –192, Прилеп –38, Кавадарци –36, Куманово –20, Штип –17, Струмица –16, Велес и Богданци по 15, Гевгелија, Гостивар и Битола по 14, Крива Паланка –13, Неготино и Тетово по 11, Кочани –6, Свети Николе –4, Кратово –3, Делчево и Крушево по 2, Кичево, Пробиштип, Виница, Валандово, Ресен и Дојран по 1 пациент.
Пријавени се вкупно 21 починато лице на возраст од 52 до 93 години, и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп и Охрид по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија и од Пробиштип. Сите пациенти се починати во болнички услови, известуваат до МЗ.
Направени се 1.258 теста преку: ИЈЗ – 273, ЦЈЗ Скопје – 54, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 185, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 179, „Систина“ – 244, лабораторија „Лаор“ – 0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 2, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 321, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 567.441 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројката на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457.
Според епидемиолошки анализи, во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 49.925, активни 5.646
Прилеп 6.122, активни 804
Куманово 5.989, активни 395
Тетово 5.795, активни 364
Гостивар 4.073, активни 290
Кавадарци 3.872, активни 607
Штип 3.829, активни 179
Велес 3.757, активни 313
Битола 3.710, активни 292
Охрид 3.583, активни 469
Струмица 2.921, активни 211
Струга 2.520, активни 175
Кочани 1.971, активни 140
Кичево 1.827, активни 53
Неготино 1.597, активни 384
Гевгелија 1.492, активни 300
Свети Николе 1.149, активни 40
Крива Паланка 962, активни 119
Ресен 887, активни 92
Дебар 805, активни 18
Радовиш 780, активни 39
Делчево 764, активни 46
Берово 707, активни 62
Пробиштип 589 43
Виница 539, активни 22
Валандово 409, активни 38
Крушево 373, активни 109
Богданци 345, активни 66
Кратово 301, активни 24
Демир Хисар 300, активни 40
Демир Капија 286, активни 53
Македонски Брод 260, активни 8
Пехчево 196, активни 9
Македонска Каменица 194, активни 2
Дојран 101, активни 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на кој, како што рече, јасно се гледа како сопругот ја удира жртвата.
Како што појасни министерот, жртвата претходно повикала полиција, а патролата пристигнала за помалку од десет минути. Во изјавата што ја дала, таа потоа навела дека нема што да пријави и дека немало физички напад. Дополнително ќе се утврдува дали оваа изјава била дадена под присила. Сторителот, според Тошковски, не бил присутен на местото на настанот во моментот кога полицијата ги прибирала изјавите.
Сепак, тој нагласи дека тоа не се единствените докази со кои располага МВР.
„До МВР е обезбеден видео запис каде јасно се гледа како сопругот ја удира жртвата. Не можам да кажам кога е точно, но сигурно е истиот ден“, рече министерот.
Според информациите што ги изнесе министерот Панче Тошковски, на 2 март околу 14 часот бил пријавен падот од зграда, а претходно полицијата разговарала со жртвата која рекла дека не бара интервенција. Потоа жената се упатила кон станот на улицата Теодосиј Гологанов во скопски Карпош кадешто се случила трагедијата. Со ќерката биле сами и заклучени одвнатре пред трагичниот настан.
Министерот соопшти дека сопругот е приведен. Осомничен е за Наведување на самоубиство, нанесување на тешки телесни повреди и за загрозување на сигурноста. Тошковски потсети и дека во изминатите години против истото лице биле поднесени 10 кривични пријави за насилен криминал, имотни деликти и трговија со дрога. Тошковски истакна и дека голем дел од предметите за семејно насилство се затвораат поради повлекување на жртвите, најавувајќи поинтензивен пристап на МВР во вакви случаи.
Македонија
Кога немаат одговор на суштината, преминуваат на лични дискредитации, велат од ЗНАМ за СДСМ
СДСМ повторно се обидува да ја замени политиката со навреди, аргументите со етикети, а вистината со конструкции, реагираат од ЗНАМ откако претходно од СДСМ истакнаа дека Максим Димитриевски е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре.
„Кога немаат одговор на суштината, преминуваат на лични дискредитации. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија е дел од оваа власт со достоинство, со принципи, со сопствена идеолошка и програмска матрица и сопствен пат делувајќи исклучиво во насока што ја ветивме пред граѓаните – чесна, одговорна и државничка политика. Кога од СДСМ се осмелуваат да зборуваат за тендери, првично нека се погледнат во огледало.
Години наназад токму тие ја претворија државата во партиска каса, институциите во сервис за свои луѓе, а правдата во селективен инструмент.
Денес, кога институциите почнуваат да функционираат без партиска директива, СДСМ панично бара алиби во измислени конструкции“, додаваат од таму.
Навредите за „кукавичко јајце“, „платеник“, „тендер коалиција“, според нив, се јазик на политичка немоќ.
Тоа, како што истакнуваат, е истиот тој наратив што ги оддалечи од граѓаните, од работниците од реалноста.
„Токму ваквото однесување и делување на СДСМ ја доведе економијата во состојба во која денес мора да се стабилизираат штетите од нивното владеење.
И наместо да понудат визија, тие сеат омраза. Наместо да бараат виновници во сите, освен во себе, нека соберат храброст и нека се соочат со сопствените постапки и грешки. Нека одговорат зошто по години власт зад себе оставија разочарани граѓани, нарушени институции и чувство дека државата служела на малкумина“.
Македонија
Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја, вклучително и од Обединетите Арапски Емирати.
Во моментов се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, со користење комерцијални летови и, по потреба, владиниот авион. За Обединетите Арапски Емирати и Катар се разгледува можноста за ангажирање комерцијален или чартер-лет, во зависност од безбедносните и логистичките услови.
Во изминатиот период, преку дипломатско-конзуларните претставништва беше асистирано при безбедното извлекување на едно лице од Иран – фудбалер, кој преку Турција се врати во Република Северна Македонија. Дополнително, шест македонски државјани од Израел веќе имаат обезбедено авионски билети од Египет кон Скопје, при што Министерството активно асистираше во нивната координација и заминување.
Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Министерството, во директна комуникација со пријателски земји и партнери, како и преку дипломатско-конзуларните претставништва, ги презема сите неопходни активности за нивно безбедно и навремено враќање во државата.

