Македонија
Регистрирани 411 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 4 починати лица
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 3.209 тестирања, а регистрирани се 411 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 198, Куманово – 40, Штип – 19, Велес – 18, Кавадарци и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 10, Тетово и Радовиш – по 7, Струга – 6, Струмица и Пробиштип – по 5, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 4, Охрид, Кичево, Свети Николе, Богданци, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Валандово и Демир Хисар – по 2, Делчево и Виница – по 1 лице.
Регистрирани сe 271 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 120, Куманово – 22, Велес – 15, Крива Паланка- 14, Битола – 12, Штип и Тетово – по 11, Кичево – 10, Кочани и Прилеп – по 8, Кавадарци и Кратово – по 7, Струмица – 6, Гевгелија – 5, Неготино и Свети Николе – по 3, Радовиш, Пробиштип, Ресен, Охрид, Македонска Каменица, Валандово, Демир Хисар, Виница и Македонски Брод – по 1 лице.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 4 починати лица: 2 од Скопје (82 и 65) и по едно починато лице од Куманово (74) и Пробиштип (39). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 3 починати лица со датум на смрт од 31.8.2021 до 16.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје и едно лице од Кичево на возраст од 80 до 93 години. Од пријавените лица, две се починати во домашни услови и едно лице е во болнички услови.
Направени се 3.209 теста преку: ИЈЗ – 254, ЦЈЗ Скопје – 84, ЦЈЗ Битола – 69, ЦЈЗ Прилеп – 64,
ЦЈЗ Тетово – 54, ЦЈЗ Куманово – 46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 3, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 163, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 56, „Авицена“ – 115, „Биотек“ – 136, „Систина“ – 67, лабораторија „Лаор“ – 162, „Синлаб“ – 19, „Ремедика“ – 13, „Плодност“ – 22, „Генеа“ – 35, „Никоб лаб“ – 386, „ВФВ медикал“ – 32, „Ели медика“ – 54, „Ројал медика“ – 8, „Спектра-ММ“ – 1, „Рапид лаб“ – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.366.
Досега во земјата се направени вкупно 1.357.742 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.057, бројот на оздравени пациенти е 185.931, на починати е 7.019, а бројот на активни случаи изнесува 6.107.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 87.061, Активни 3.082
Куманово 12.047, Активни 498
Тетово 10.933, Активни 89
Прилеп 9.343, Активни 243
Гостивар 7.994, Активни 37
Битола 7.316, Активни 194
Велес 6.637, Активни 297
Кавадарци 6.157, Активни 177
Охрид 6.118, Активни 205
Штип 6.034, Активни 210
Струмица 5.870, Активни 130
Кичево 4.070, Активни 78
Струга 3.828, Активни 41
Кочани 3.465, Активни 153
Гевгелија 2.517, Активни 79
Неготино 2.351, Активни 23
Свети Николе 1.969, Активни 64
Радовиш 1.579, Активни 48
Ресен 1.570, Активни 36
Крива Паланка 1.562, Активни 111
Дебар 1.453, Активни 6
Берово 1.222, Активни 12
Делчево 1.140, Активни 22
Виница 1.074, Активни 32
Пробиштип 981, Активни 57
Валандово 844, Активни 17
Кратово 631, Активни 40
Богданци 578, Активни 23
Крушево 544, Активни 14
Македонски Брод 476, Активни 2
Демир Хисар 473, Активни 32
Демир Капија 410, Активен 1
Македонска Каменица 350, Активни 49
Пехчево 318, Активни 3
Дојран 142, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Парламентарното собрание на Советот на Европа донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија: „Значаен успех“
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информираше дека Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен во 2000 година.
Како што истакна министерот Муцунски, оваа одлука претставува важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како и јасна потврда за остварениот напредок во областите на демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и односите со соседните земји.
Министерот нагласи дека посебна заслуга за успешно заокружување на овој долгогодишен процес има македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од пратеничките Марија Петрушевска и Иванка Василевска, како и Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Советот на Европа.
Одлуката, како што посочи Муцунски, претставува значаен успех и недвосмислена потврда за посветеноста, професионализмот и ефективноста на македонската дипломатија во унапредувањето и заштитата на темелните европски вредности.
Македонија
(Видео) Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина, кога планирате да си поднесете оставка?
Пратеникот Реџеп Исмаил, од Левица, на седницата за пратенички прашања се обрати до министерот за култура Зоран Љутков, оценувајќи дека предупредувањата упатени уште во првите сто дена од неговиот мандат, дека ќе стане најлошиот министер за култура во историјата на државата, денес, на половина од мандатот целосно се оствариле.
Според Исмаил ваквата оценка не е политичка квалификација, туку емпириски факт, поткрепен со состојбата во културата, кршењето на законите и последиците што веќе се мерат во судски спорови и финансиска штета.
Главен проблем според Исмаил е свесното и системско кршење на Колективниот договор за култура.
„Колективниот договор е донесен многу пред вашиот мандат, повеќепати беше оспоруван и секогаш потврден како уставен и легитимен. То сѐ уште важи и вие сте должни да го почитувате“, истакна пратеникот и додаде дека со доаѓањето на Љутков на функција започнало намерно саботирање на колективниот договор преку упатство од министерот со кое биле воведени незаконски пресметки на плати.
„Со тоа упатство директно го прекршивте Колективниот договор. Ова не е политика, ова е правен факт“, рече Исмаил.
Пратеникот посочи дека како резултат на ваквото постапување, во моментов има околу 800 тужби за пресметка на плати низ сите судови во Македонија, а дел од нив веќе се добиени во корист на работниците. „Речиси е извесно дека и останатите тужби ќе имаат ист исход. Прашање е дали сте свесен за штетата што ја нанесовте врз државниот буџет, штета која ќе биде поголема од онаа доколку Колективниот договор се почитуваше“.
Опишувајќи ги состојбите во културата Исмаил се осврна и на случајот со Филхармонија кога на средина од конкурсот името на директорот беше јавно соопштено од коалицискиот партнер во Владата, а конкурсот се претворил во фарса. Дополнително потсети дека во март минатата година над 3.000 работници во културата останаа без плата, што, како што нагласи е директна последица на неспособното и неодговорно раководење со Министерството за култура. Укажа и на фактот дека во два последователни буџетски циклуси се намалуваат средствата за култура, додека истовремено значително расте буџетот за НАТО.
На крај, Исмаил своето обраќање го заврши со прашањето: „После сето ова останува само едно прашање – кога планирате да си поднесете оставка?“.
Македонија
Христова: Со регионалните центри за услуги граѓаните ќе добијат брзи и ефикасни административни услуги
На денешната собраниска седница за пратенички прашања свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Христова и упати прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Првото пратеничко прашање кое го постави Христова беше упатено до министерот за дигитална трансформација, и се однесуваше за регионалните центри за услуги, односно таа праша дали се планира отворање на вакви центри за услуги во сите градови низ државата и кои конкретни услуги ги нудат овие центри.
„Министерството за дигитална трансформација е релативно ново, но за периодот откако е формирано постигна високи резултати и воспостави стандарди кои навистина недостигаа во Македонија. Брзата реализација на стратешките активности, подобрување на ефикасноста и транспарентноста во работењето, се доказ дека вистински реформи се можни кога се има визија и одговорност кон граѓаните, а оваа Влада го поседува токму тоа. Министерството за дигитална трансформација постои краток период, но постигна многу. Воведе нови дигитални услуги достапни за сите граѓани, ги скрати административните процедури и времето на чекање, работи на зајакнување на сајбер безбедноста и заштита на податоците, а исто така воспостави механизми на координација меѓу институциите итн. Она што мене ме интересира а и многу голем број на граѓани се новоотворените центри за услуги во неколку градови во државата, за коишто јас лично сметам дека се одлична новина, но и дека е потребна поголема промоција, за што голем број граѓани не се запознаени и се уште не знаат дека со посетата на еден ваков центар ќе добијат брзи, ефикасни и транспарентни административни услуги, сето тоа на едно место. За нив тоа значи повеќе време, помалку бирократија, а повеќе функционалност и доверба. Дали планирате вакви центри за услуги во сите градови во Република Македонија и дали може да не запознаете конкретно какви услуги нудат овие центри?“, праша Христова.
Христова се осврна на наследената тешка финансиска состојба од претходната власт и истакна дека со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ е извршена консолидација на буџетот и е забележан економски раст над очекувањата на меѓународните институции. Во таа насока, второто прашање беше упатено до министерката за финансии и праша за тоа што може да се очекува на финансиски план во тековната 2026 година.
„Како пратеници кога го започнавме нашиот мандат, од првите моменти, беше соочувањето со финансиската состојба во нашата држава, односно каква државна каса наследивме од претходната ненародна влада, која имаше многу други приоритети, само не интересите на граѓаните. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт наследивме испразнет буџет, уште во месец јули, а пари во истиот требаше да има до месец декември. Со голема посветеност и труд успеавме да се консолидираме и да бележиме неколку квартали раст на БДП, дури и над 3%, т.е. дури подобро и од проекциите на меѓународните институции. А тоа е јасен сигнал дека владините политики функционираат и даваат резултати. Со консолидиран буџет, со фокус на раст и инвестиции, успеавте да ја стабилизирате економијата. Моето прашање е што може да очекуваме на финансиски план во тековната 2026 година?“, праша Христова.

