Македонија
Регистрирани 417 нови случаи на коронавирус, починаа 9 лица
Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.964 тестирања, а регистрирани се 417 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 155, Прилеп – 31, Куманово и Велес – по 26, Кавадарци – 24, Битола и Штип – по 17, Крива Паланка – 14, Кочани – 13, Тетово – 11, Охрид и Пробиштип – по 10, Радовиш – 7, Свети Николе, Делчево и Кратово – по 6, Гевгелија, Ресен, Берово и Демир Хисар – по 5, Струмица, Кичево, Неготино, Виница и Македонска Каменица – по 3, Пехчево – 2, Крушево – 1.
Регистрирани сe 329 оздравени пациент од: Скопје – 151, Куманово – 35, Велес и Штип – по 15, Кавадарци – 14, Кочани – 12, Битола – 11, Прилеп – 10, Струмица – 9, Гевгелија – 8, Свети Николе – 7, Неготино, Берово и Пробиштип – по 5, Тетово, Кичево и Крива Паланка – по 4, Кратово – 3, Гостивар, Валандово, Богданци, Крушево и Пехчево – по 2, Радовиш и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (60г и 64г) и Кочани (45г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Тетово (79г), Штип (66г), Битола (82г) и Крива Паланка (38г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 24.10.2021, од Скопје на возраст од 84 години, починат во болнички услови.
Направени се 2.964 тестови преку: ИЈЗ-245, ЦЈЗ Скопје – 63, ЦЈЗ Битола – 47, ЦЈЗ Прилеп – 48, ЦЈЗ Тетово – 48, ЦЈЗ Куманово – 32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 16, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8 Септември – 0, Институт за микробиологија – 162, Жан Митрев (Филип Втори) – 75, Авицена – 111, Биотек – 186, Систина – 70, лабораторија Лаор – 76, Синлаб – 16, Ремедика – 15, Плодност – 24, Генеа – 14, Никоб лаб – 264, ВФВ Медикал – 34, Ели Медика – 49, Ројал Медика –4, Спектра-ММ – 3, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.360.
Досега во земјата се направени вкупно 1.378.530 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.708, бројот на оздравени пациенти е 188.024, на починати е 7.108, а бројот на активни случаи изнесува 6.576
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево време со температура до 15 степени
Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Утре без вода за пиење делови од општина Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради змена на вентил во шахт Ф 2“1/2“ (два и пол цола) на улица Натанаил Кучевишки бб. градинката 11-ти Октомври со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Натанаил Кучевишки, Краишка и Хо Ши Мин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.(општина Бутел )
Македонија
Предлог-Законот за Судски совет едногласно го помина првиот собраниски филтер, поддршка доби и од опозицијата
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија ја усвоија потребата од донесување на новиот Предлог Закон за Судски совет кој претставува основа за суштинска реформа во правосудството. Предлог законот доби поддршка од сите членови на комисиите, вклучително и од опозицијата.
Министерот за правда , Игор Филков образложувајќи ја потребата од носење на законот истакна дека со него се поставуваат темелите на независна и функционална судска власт, што е предуслов за владеењето на правото.
„Денеска почнуваме со сетот реформски закони – нешто што сме го ветиле на изборите и го испорачуваме пред граѓаните.Постоечкиот закон од 2019 година, според сите релевантни анализи – Европската комисија, Стејт департментот, експертската јавност и граѓанскиот сектор укажаа на сериозни недостатоци:
Недоволна транспарентност при избор и разрешување на судии,
Можност за политичко влијание,
Нејасни критериуми за избор и оценување на судиите,
Неефикасни механизми за утврдување одговорност на членовите на Советот и на самите судии, што често во минатото доведуваше до кочење на работата на Советот, проследено со немили сцени во јавноста што секако влијаеше на кредибилитетот и интегритетот на самата институција”, рече Филков.
Овие слабости, како што посочи министерот, ја наметнале потребата од целосно редефинирање на положбата, надлежностите и критериумите за работа на Судскиот совет, со јасна цел – враќање на довербата во правосудството.
,,Со овој закон во Министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес. Фокусот на изготвувањето на законите е, донесување на квалитетни законски решенија – нешто што досега не било пракса во Министерството за правда,” потенцира Филков.
Клучни новини во предложениот Закон се:
Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,
За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,
Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,
Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,
Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,
Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и
бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ.
Министерството за правда спроведе транспарентен процес на изработка на законот:
-Експертска оценска мисија на Европската комисија (септември–декември 2023),
-Јавни консултации низ државата (ноември–декември 2024),
-Работна група составена од експерти, судии, членови на Советот и граѓанскиот сектор (2025),
-Објавување на нацрт-законот на ЕНЕР и разгледување на сите пристигнати коментари,
-Комплетна интеграција на препораките на Венецијанската комисија (јуни 2025).
Предлог Законот за Судски совет ќе се најде на дневен ред на собраниска седница на 16 декември.

