Македонија
Регистрирани 48 нови случаи на Ковид-19, починати две лица
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 1.192 теста, а регистрирани се 48 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 42, Кавадарци – 3, Гостивар – 2 и Прилеп – 1
Од вкупниот број позитивни (48), регистрирани се 7 реинфекции.
Регистрирани сe 253 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 169, Куманово – 17, Битола и Прилеп – по 13,Кавадарци – 10, Гевгелија – 5, Струмица – 4, Тетово, Ресен и Виница – по 3, Велес, Гостивар и Кочани – по 2, Кичево, Неготино, Радовиш, Валандово, Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 1. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица од: Струга (64) и Прилеп (63) во болнички услови.
Од вкупниот број починати лица (2), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 1.192 теста преку: ИЈЗ – 62, ЦЈЗ Скопје – 0, ЦЈЗ Битола – 0, ЦЈЗ Прилеп – 28, ЦЈЗ Тетово – 0, ЦЈЗ Куманово – 5, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 46, „Авицена“ – 56, „Биотек“ – 140, „Систина“ – 41, лабораторија „Лаор“ – 0, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, „Плодност“ – 0, „Генеа“ – 0, „Никоб лаб“ – 181, „ВФВ медикал“ – 22, „Ели медика плус“ – 15, „Ројал медика“ – 0, „Спектра-ММ“ – 0, „Рапид лаб“ – 9, „Жан Митрев Струмица“ – 0, „Нова лаб дијагностика“ – 0, „Рамус“ – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 587.
Досега во земјата се направени вкупно 1.955.058 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.114, бројот на оздравени пациенти е 294.072, на починати е 9.208, а бројот на активни случаи изнесува 1.834.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 143.029, Активни 1.027
Куманово 16.526, Активни 48
Битола 14.712, Активни 154
Прилеп 13.941, Активни 81
Тетово 13.408, Активни 39
Кавадарци 10.448, Активни 91
Велес 9.658, Активни 35
Гостивар 9.525, Активни 16
Охрид 8.693, Активни 67
Струмица 7.990, Активни 24
Штип 7.962, Активни 19
Кичево 5.546, Активни 44
Кочани 5.043, Активни 30
Струга 4.686, Активни 8
Гевгелија 4.359, Активни 23
Неготино 3.653, Активни 15
Ресен 2.669, Активни 13
Свети Николе 2.613, Активни 2
Радовиш 2.513, Активни 12
Крива Паланка 2.403, Активни 2
Делчево 1.928, Активни 28
Дебар 1.667, Активни 9
Берово 1.640, Активни 5
Валандово 1.473, Активни 4
Виница 1.377, Активни 8
Пробиштип 1.261, Активни 3
Богданци 1.019, Активни 7
Кратово 958, Активни 3
Крушево 916, Активни 5
Демир Хисар 826, Активни 5
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 586, Активни 1
Македонска Каменица 522, Активни 3
Пехчево 485, Активни 1
Дојран 343, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На 18-годишнината од хеликоптерската несреќа, положен венец на споменикот кај Катлановско Блаце
Денеска, 12 јануари (понеделник), министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски на обележјето кај Катлановско Блаце положија венец со свежо цвеќе во спомен на единаесетмината припадници на воздухопловниот ВИНГ кои пред 18 години ги загубија своите животи, враќајќи се од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
Министерот Мисајловски по овој повод порача дека нивната мисија била благородна и дека никогаш нема да бидат заборавени бидејќи со своите дела покажале како се сака државата и како се сака татковината.
На спомен-обележјето кај Катлановско Блаце почит на загинатите припадници оддадоа членовите на семејствата, како и делегации од Командата за операции, Првата пешадиска бригада, воздухопловниот ВИНГ и од општината Петровец.
Со едноминутно молчење и положување венци со свежо цвеќе од страна на припадниците на воздухопловниот ВИНГ беше оддадена почит за единаесетмината загинати припадници и пред спомен-обележјето пред командата на ВИНГ-от во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, како и во меморијалниот парк во кампот Бутмир во Сараево, Босна и Херцеговина, каде нашите припадници беа дел од мисијата АЛТЕА.
Во хеликоптерската несреќа, на денешен ден пред осумнаесет години, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА трагично загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Јавните набавки се спроведуваат законски, СДСМ да одговори за сопствените скандали
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека обвинувањата изнесени од Социјалдемократскиот сојуз на прес-конференција, а се однесуваат на јавните набавки, се неосновани и дека станува збор за политички конструкции без докази.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека сите јавни набавки спроведени од општините и од Град Скопје се реализирани согласно Законот за јавни набавки, преку транспарентни и јавно објавени постапки, достапни за проверка од надлежните институции.
Во соопштението се наведува дека СДСМ, наместо да шири шпекулации и да се повикува на анонимни свиркачи, треба да одговори за сопствените корупциски скандали и за состојбата во институциите за време на нивното владеење.
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека граѓаните заслужуваат сериозна и одговорна политика, а не, како што се наведува, импровизации за дневнополитички поени.
Македонија
Минчев на средба со амбасадорката на Република Словачка
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со новоименуваната амбасадорка на Република Словачка, Н.Е. Ивета Хрицова.
На средбата беше истакнато пријателското партнерство меѓу двете земји, со посебен акцент на можностите за унапредување на соработката во областа на јавната администрација, реформските процеси и размената на искуства и добри практики насочени кон зголемување на ефикасноста, транспарентноста и професионализацијата на административните служби.
Министерот Минчев, ја нагласи посветеноста на Министерството кон спроведување на реформите во јавниот сектор, усогласени со европските стандарди, како и значењето на меѓународната соработка во овој процес.
„Реформата на јавната администрација претставува клучен столб за добро управување и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите. Искуствата и поддршката од пријателските земји, како Република Словачка, имаат значајна улога во унапредувањето на институционалните капацитети и имплементацијата на современи административни практики“, истакна Минчев.
Двете страни изразија подготвеност за понатамошно продлабочување на билатералната соработка и поддршка на реформските приоритети во областа на јавната администрација, потенцирајќи ја важноста на континуираниот дијалог и институционалната размена.

