Македонија
Регистрирани 490 нови случаи на Ковид-19, починаа 9 лица
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.869 тестирања, а регистрирани се 490 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 209, Битола – 42, – , Прилеп – 33, Кавадарци – 30, Велес – 18, Куманово – 17, Ресен – 16, Берово – 14, Кочани – 12, Гевгелија и Делчево – по 10, Тетово и Штип – по 8, Струмица и Крива Паланка – по 7, Радовиш – 6, Кичево и Богдаци – по5, Валандово,Кратово, Македонска Каменица и Пехчево – по 4, Охрид, Свети Николе и Неготино – по 3, Струга и Виница – по 2, Гостивар, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 484 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 233, Битола – 37, Куманово – 28, Кочани – 22, Велес и Гевгелија – по 19, Кавадарци – 18, Штип – 17, Охрид – 15, Тетово – 11, Струмица и Пробиштип – по 9, Кичево – 8, Неготино – 7, Каратово – 6, Свети Николе – 5, Радовиш – 4, Ресен и Богданци – по 3, Струга и Демир Хисар – по 2, Прилеп, Крива Паланка, Валандово, Гостивар, Дебар, Демир Капија и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: по 3 од Скопје (85, 75 и 41) и од Штип (91, 86 и 78), 2 од Куманово (88 и 76) и едно починато лице од Берово (75). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Куманово (1), Велес (1), Штип (1), Струмица (1), Свети Николе (1) и од Демир Хисар (1). Починатите лица се на возраст од 89 до 61, од кои 5 лица се починати во домашни услови, а 1 во болнички услови.
Направени се 2.869 теста преку: ИЈЗ – 320, ЦЈЗ Скопје – 76, ЦЈЗ Битола – 67, ЦЈЗ Прилеп – 36, ЦЈЗ Тетово – 34, ЦЈЗ Куманово – 50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 2, Судска медицина – 2, лабораторија во болницата во Козле – 15, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 8, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 84, „Авицена“ – 162, „Биотек“ – 182, „Систина“ – 73, лабораторија „Лаор“ – 0, „Синлаб“ – 21, „Ремедика“ – 20, „Плодност“ – 55, „Генеа“ – 6, „Никоб лаб“ – 244, „ВФВ медикал“ – 23, „Ели медика“ – 28, „Ројал медика“ – 11, „Спектра-ММ“ – 12, „Рапид лаб“ – 4, „Жан Митрев Струмица“ – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.334.
Досега во земјата се направени вкупно 1.453.084 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.865, бројот на оздравени пациенти е 197.120, на починати е 7.464, а бројот на активни случаи изнесува 8.281.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 93.032, Активни 3.831
Куманово 12.778, Активни 267
Тетово 11.276, Активни 153
Прилеп 10.040, Активни 424
Битола 8.406, Активни 671
Гостивар 8.056, Активни 36
Велес 7.216, Активни 354
Кавадарци 6813, Активни 296
Штип 6.517, Активни 198
Охрид 6.358, Активни 255
Струмица 6.040, Активни 145
Кичево 4.211, Активни 93
Кочани 3.928, Активни 213
Струга 3.890, Активни 61
Гевгелија 2.754, Активни 154
Неготино 2.536, Активни 85
Свети Николе 2.087, Активни 66
Крива Паланка 1.846, Активни 149
Ресен 1.705, Активни 101
Радовиш 1.698, Активни 75
Дебар 1.454, Активни 0
Берово 1.387, Активни 96
Делчево 1.338, Активни 130
Виница 1.139, Активни 44
Пробиштип 1.102, Активни 36
Валандово 902, Активни 39
Кратово 749, Активни 69
Богданци 635, Активни 40
Демир Хисар 586, Активни 82
Крушево 575, Активни 24
Македонски Брод 486, Активни 7
Демир Капија 421, Активни 8
Македонска Каменица 399, Активни 61
Пехчево 346, Активни 16
Дојран 159, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС, и тие на тој начин самите се издаваат дека Зоран Заев летал со целото семејство во Амстердам на одмор и дека најчеста дестинација на авионот била Ниш во времето на владите на СДС, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението од СДСМ во кое бараат да кажат кој летал со владиниот авион.
„Го поздравуваме интересот на СДС во однос на темата со владиниот авион, бидејќи самата тема покрај ситно политичките поени кои сака да ги добие СДС што секако ги занемаруваме, отвора и други значајни аспекти. Треба СДС пред да влезе во материјална и теснограда расправа за владиниот авион да биде свесна дека ние сме држава врз која има еден нерасветлен атентат врз претседател, и уште еден инцидент на трагично загинат претседател на држава и тоа со владино летало. Актуелното владино летало од кое СДС и Венко Филипче правват евтин сензационализам е старо 20 години, купено 2005тата година и од 2017та до сега се потрошени околу 4 милиони евра за поправки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Воедно, додаваат од партијата, индикативно и би можело да се оцени за крајно лицемерно е поведението на лидерот на СДС Венко Филипче кој зад затворени врати го поддржа купувањето на новиот владин авион, а во јавноста се противи поради ситен партиски интерес и гол популизам.
„Кој Венко се противи, тој кој во 4 ѕида вели купете авион, или тој кој пред микрофони вели не купувајте авион, дадете пари за минимална плата? Ова се вика дефиниција за лицемерие. СДС шири лажни вести“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари
Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.В.(83), В.Џ.(80) и Т.А.(68), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, како и против З.С.(44) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.
Првите тројца пријавени, во периодот од септември 2012 година до октомври 2024 година, во својство на претседатели на Здружението на инвалиди на трудот – Штип, дневниците кои четвртопријавената З.С. ги заработувала како секретар на здружението, ги префрлале на трансакциска сметка на нејзината мајка за да не ѝ биде ускратено правото кое го имала на социјален детски и образовен додаток.
З.С., со лажно прикажување на факти, го довела во заблуда и новиот претседател на здружението дека има долг кон нејзината мајка и во име на здружението склучила договор за отстапување на побарување со нејзината мајка, а откако починала мајка ѝ, и со нејзината ќерка склучила ист договор.
Исто така, првопријавениот и второпријавената вршеле плаќања за себе и други лица за седници кои не биле одржувани, а исплаќале и еднократна финансиска помош на лица на кои не им следувала таква помош.
Третопријавениот склучил договор за закуп на станбен простор во периодот додека траел огласот за изнајмување на станбен простор, односно без да бидат разгледани сите поднесени барања.
Тој во неколку наврати од службената сметка на својата трансакциска сметка си исплаќал парични средства, а извршил и незаконска исплата на парични средства на правно лице за наводно извршена угостителска дејност.
Со овие дела, првите тројца пријавени го оштетиле буџетот на здружението во вкупен избнос од 297.730 денари, а на четвртопријавената ѝ овозможиле да се стекне со противправна имотна корист од 88.234 денари.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.

