Македонија
Регистрирани 541 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лицa
Денеска регистрирани нови 541 случаи на Ковид-19, починати се 19 лица, информираат од министерството за здравство.
Од направени 2789 тестирања во Скопје биле регистрирани 290 новозаразени пациенти, во Прилеп 43, Тетово 22, Охрид 21, Гостивар 19, Кавадарци, Битола и Гевгелија по 16, Велес 15, Штип и Струмица по 13, Ресен 12, Неготино – 10, Куманово 7, Богданци 5, Кочани и Свети Николе по 4, Струга, Пробиштип и Демир Капија по 3, Валандово и Пехчево по 2, Кичево и Радовиш по 1 пациент.
Регистрирани се и 521 оздравен пациент и тоа од: Скопје -166, Прилеп -72, Охрид –54, Кавадарци –47, Неготино –40, Куманово –28, Тетово и Кочани по 18, Велес, Струга и Крива Паланка по 15, Гевгелија –5, Богданци –4, Крушево –3, Битола, Пробиштип, Виница, Демир Хисар, Кратово, Демир Капија и Пехчево по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Берово и Македонски Брод по 1 пациент.
Пријавени се вкупно 19 починати лица, на возраст од 55 до 89 години и тоа: 11 пациенти од Скопје, од Куманово и Кавадарци – по 2 починати лица и по едно починато лице од Охрид, Струмица, Неготино и Берово.
18 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови, информираат од МЗ.
Направени се 2.789 тестови преку: ИЈЗ-696, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена-354, Биотек-345, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Систина-335, лабораторија Лаор–412, Судска медицина-1, ЦЈЗ Битола-96, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Синлаб-39, Ремедика-17, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 251, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-0.
Досега во земјата се направени вкупно 566.183 тестирања на Ковид-19, додаваат од здравство.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.646, бројката на оздравени пациенти е 97.687, на починати е 3.319, а бројот на активни случаи изнесува 11.640.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 49775, активни 5695
Прилеп 6101, активни 824
Куманово 5983, активни 410
Тетово 5790, активни 371
Гостивар 4070, активни 301
Кавадарци 3845, активни 616
Штип 3818, активни 186
Велес 3753, активни 324
Битола 3710, активни 306
Охрид 3577, активни 464
Струмица 2918, активни 225
Струга 2518, активни 174
Кочани 1954, активни 130
Кичево 1825, активни 52
Неготино 1591, активни 389
Гевгелија 1495, активни 318
Свети Николе 1147, активни 42
Крива Паланка 961, активни 131
Ресен 887, активни 93
Дебар 804, активни 17
Радовиш 780, активни 39
Делчево 763, активни 47
Берово 705, активни 60
Пробиштип 588, активни 43
Виница 538, активни 22
Валандово 408, активни 38
Крушево 372, активни 110
Богданци 337, активни 73
Демир Хисар 300, активни 40
Кратово 300, активни 26
Демир Капија 282, активни 49
Македонски Брод 260, активни 8
Пехчево 196, активни 9
Македонска Каменица 194, активни 2
Дојран 101, активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарната Илинден
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (19.02.2026) поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.(општина Чаир)
Македонија
Стојаноска: Парите за минималецот може веднаш да се најдат, дел на Водно кај хациендите на Филипче, дел во Дубаи и дел во Струмица по масите на хотел Парк
Како СДСМ може да обезбедат пари за минимална плата? Да го вратат она што го испокрадоа во време на нивното 7 годишно владеење, напиша во објава на социјалните мрежи Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако ова не го сторат самите, тогаш многу скоро низ судски процеси ќе враќаат сѐ што испокрадоа, заедно со казни затвор за истото.
А, ако случајно во Буџетот ги најдат парите за кои зборуваат, тогаш веднаш ќе ги пренамениме за хуманитарни цели.
Инаку, парите за минималецот може веднаш да се најдат – дел на Водно (кај хациендите на Филипче), дел во Дубаи и дел во Струмица (по масите на хотел “Парк”)“, додава Стојаноска.
Македонија
Муцунски на состанок за Коридор 8, во Тирана: Државата, како централна точка, останува целосно посветена на неговата реализација
Денеска, во Тирана, на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со колегите од Италија, Бугарија и Романија, учествуваше на Министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“.
Состанокот се реализираше како продолжение на инаугуративната сесија одржана во Бриндизи, Италија, на 27 јули 2023 година. Во фокусот на разговорите беа актуелните инфраструктурни проекти што се операционализираат долж Коридор VIII, предизвиците во нивната реализација, како и потребата од засилено политичко внимание и координација.
Министрите констатираа дека постои заедничко разбирање оти Коридор VIII треба да функционира како еден прекуграничен систем, а не како серија одвоени национални проекти што запираат на следната државна граница. Беше нагласено дека коридорот претставува стратешка врска меѓу Јадранското и Црното Море и дека во актуелниот геополитички контекст поврзаноста претставува елемент на отпорност и сила.
Во своето обраќање, Муцунски ја истакна важноста од целосно вклучување на сите клучни актери, нагласувајќи дека улогата на Италија како значаен фактор на Јадранот и на Романија како клучна држава на Црното Море и во регионалната економија е суштинска за Коридор VIII да стане вистинска европска врска од почеток до крај.
Осврнувајќи се на националните обврски, Муцунски потенцираше дека државата, како централна точка на коридорот, останува целосно посветена на неговата реализација. Како значаен исчекор беше посочено потпишувањето на договорот со Бугарија за прекуграничниот железнички тунел во ноември 2025 година. Првата железничка делница на источниот дел е завршена, втората е во изградба, а работите напредуваат и на третата. Во патниот сегмент, целта е целосна автопатска и експресна поврзаност од Ќафасан до Деве Баир до 2029 година.
Дополнително, беше истакната и енергетската димензија на коридорот, како и потребата од усогласување на процедурите, граничното управување и олеснувањето на трговијата, со цел новата инфраструктура да биде придружена со модерни и ефикасни стандарди. Посебен акцент беше ставен на искористување на европските финансиски инструменти, вклучително и следната програма „Connecting Europe Facility“, за забрзување на имплементацијата и обезбедување конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите.
Соговорниците се согласија дека фокусот во наредниот период треба да биде на реализација на финансиски одржливи проекти, координирана прекугранична имплементација и одржување на еднаков интензитет на реализација долж целата траса на Коридор VIII.

