Македонија
Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 309, Куманово – 44, Прилеп и Велес – по 20, Тетово, Битола и Кавадарци – по 17, Кочани – 16, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија и Ресен – по 6, Струмица и Штип – по 5, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Кратово – по 4, Гостивар, Струга, Виница, Валандово и Демир Хисар – по 3, Дебар, Берово, Делчево и Пробиштип – по 2, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1 лице.
Регистрирани сe 891 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 360, Охрид – 132, Струга – 105, Куманово и Струмица – по 42, Тетово – 26, Велес – 20, Гостивар – 19, Прилеп и Штип – по 18, Битола и Кичево – по 16, Кавадарци – 9, Кочани, Радовиш, Дебар и Берово – по 8, Гевгелија и Ресен – по 6, Свети Николе и Кратово – по 5, Виница и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Валандово и Дојран – по 2, Делчево и Македонска Каменица – по 1 лице.
Пријавени се 17 починати лица: 10 од Скопје (93, 82, 73, 71, 62, 44, 40, 36, 34 и 33), 2 од Прилеп (75 и 64) и по едно починато лице од Куманово (85), Струмица (74), Кичево (76), Кочани (63) и Демир Хисар (59).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Направени се 4.072 теста преку: ИЈЗ – 310, ЦЈЗ Скопје – 65, ЦЈЗ Битола – 52, ЦЈЗ Прилеп – 43, ЦЈЗ Тетово – 72, ЦЈЗ Куманово – 80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 3, Судска медицина – 1, лабораторија во болницата во Козле – 6, УК Пулмологија со алергологија – 6, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 2, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 104, „Авицена“ – 255, „Биотек“ – 288, „Систина“ – 137, лабораторија „Лаор“ – 169, „Синлаб“ – 37, „Ремедика“ – 33, „Плодност“ – 40, „Генеа“ – 15, „Никоб лаб“ – 485, „ВФВ медикал“ – 66, „Ели медика“ – 81, „Ројал медика“ – 9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.713.
Досега во земјата се направени вкупно 1.258.133 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 81.431, Активни 5.701
Куманово 11.075, Активни 905
Тетово 10.764, Активни 985
Прилеп 8.929, Активни 275
Гостивар 7.925, Активни 509
Битола 6.958, Активни 246
Велес 6.057, Активни 284
Охрид 5.827, Активни 545
Кавадарци 5.761, Активни 203
Струмица 5.618, Активни 462
Штип 5.567, Активни 225
Кичево 3.888, Активни 427
Струга 3.758, Активни 536
Кочани 3.150, Активни 135
Гевгелија 2.361, Активни 73
Неготино 2.299, Активни 43
Свети Николе 1.828, Активни 104
Ресен 1.514, Активни 102
Радовиш 1.481, Активни 106
Дебар 1.444, Активни 127
Крива Паланка 1.359, Активни 58
Берово 1.195, Активни 33
Делчево 1.110, Активни 66
Виница 1.009, Активни 45
Пробиштип 897, Активни 42
Валандово 788, Активни 29
Богданци 544, Активни 20
Кратово 531, Активни 49
Крушево 518, Активни 15
Македонски Брод 462, Активни 32
Демир Хисар 426, Активни 16
Демир Капија 406, Активни 4
Пехчево 310, Активни 8
Македонска Каменица 293, Активни 21
Дојран 139, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова со раководството на Факултетот за музичка уметност: потенцирана важноста на едукативната и педагошката работа
По повод големиот јубилеј 60 години постоење и дејност на Факултетот за музичка уметност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими деканката проф. м-р Дарија Андовска, продеканката за настава и наука, проф. д-р Соња Здравкова-Џепаровска и продеканката за концертна дејност, вонр. проф. м-р Марија Вршкова.
За деканката Андовска успехот на факултетот е резултат на големото музичко знаење, љубов, креативност, труд и посветеност на повеќето генерации наставен кадар.
Јубилејот добива на тежина и значење заради фактот дека за релативно кусо време, вработените постигнале далеку поголеми резултати од факултетите, односно музичките академии од регионот, стари и по стотина години.
Честитајќи им го роденденот, претседателката ја потенцираше важноста на едукативната и педагошката работа на Факултетот, којшто изнедрил музички и уметнички великани како Симон Трпчевски.
За Сиљановска-Давкова, неспорна и непроценлива е амбасадорската улога на нашите музички уметници во промоцијата на македонската држава ширум светот.
Таа со задоволство ја прифати поканата да биде покровителка на јубилејот на институцијата којашто е расадник на уметници без кои не може да се замисли успешната работа на Филхармонијата, Националната опера и балет, Националниот џез оркестар, како и на бројните ансамбли и оркестри.
Професорките ја запознаа претседателката со тешките предизвици од финансиска и просторна природа, хроничниот недостиг на инструменти и опасноста од згаснување на некои катедри во отсуство на кадар.
Тие очекуваат преиспитување и измена на низа предложени решенија од новиот Закон за високо образование во претстојната дебата.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сите патишта водат кон Будимпешта, со владин авион кај шефот и на море, велат од СДСМ
Главна дестинација на владинот авион е релацијата Скопје-Будимпешта. Дури седум пати летале до шефот, во главниот град на Унгарија, според информациите за летањето на владиниот авион кои ги објавија медиумите, велат од СДСМ.
„Сите во Будимпешта, со владин авион, на консултации и по работни задачи кај шефот.
Наместо да лежи во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на Никола Груевски.
Затоа и беа тргнати потпретседателите.
Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренцијам се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски.
Мицкоски е само чувар на фотелјата.
Мора да се обезбеди безбеден терен за враќање на газдата“.
Според опозиционата партија, Мицкоски, Николовски, Силјановска најмногу го користеле владинот авион.
„Толку многу се шета, Мицкоски дури и на Јадран оди со владин авион на капење.
Затоа мора да се купува нов авион, да се даваат милиони евра народни пари“, прашуваат од СДСМ.

