Македонија
Регистрирани 6 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 3, Тетово, Струмица и Берово – по 1.
Регистрирани се 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Куманово – 2, Велес, Струмица и Кичево – по 1.
Не се регистрирани починати лица.
Направени се 2.887 тестови преку: ИЈЗ-125, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-48, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–15, МАНУ-68, Жан Митрев (Филип Втори)-62, Авицена-211, Биотек-140, Систина-99, лабораторија Лаор-197, Синлаб-22, Ремедика-18, Плодност–44, Генеа–5, Никоб лаб-419, ВФВ Медикал-49, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.247.
Досега во земјата се направени вкупно 877.123 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68665, активни 87
Куманово 8882, активни 22
Прилеп 8327, активни 18
Тетово 7249, активни 21
Битола 6306, активни 8
Велес 5473, активни 4
Гостивар 5181, активни 7
Кавадарци 5154, активни 1
Охрид 5019, активни 17
Штип 4961, активни 1
Струмица 4120, активни 6
Струга 2981, активни 0
Кочани 2792, активни 0
Кичево 2596, активни 14
Гевгелија 2195, активни 0
Неготино 2184, активни 0
Свети Николе 1524, активни 1
Ресен 1234, активни 0
Крива Паланка 1227, активни 4
Радовиш 1161, активни 0
Берово 1030, активни 1
Делчево 973, активни 0
Дебар 942, активни 1
Виница 886, активни 2
Пробиштип 789, активни 0
Валандово 666, активни 0
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активни 0
Демир Хисар 400, активни 2
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 377, активни 3
Македонски Брод 359, активни 1
Пехчево 268, активни 0
Македонска Каменица 249, активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите за градоначалници во СДСМ се деца на Заев

Социјалдемократскиот сојуз и Филипче продолжуваат да работат во интерес на нивниот вистински лидер Заев, откако кандидати за градоначалници станаа децата на Заев, кои во негово време беа трет и четврт ешалон во партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„СДС и Филипче слепо го слушаат нивниот ментор и сè уште тој им ја води партијата и си става луѓе на позиции кои него му одговараат за да има контрола врз нив.
Со овие кандидати за градоначалници, Заев покажува дека СДС и Филипче ги спроведуваат неговите политики, а тоа се неспособност, предавство и криминал.
Овие луѓе кои се најдоа како кандидати на СДС, во своите општини, ниту се познати, ниту имаа некаков авторитет, ама затоа му слугуваат на Заев и работат за него.
Оние коишто беа градоначалници до сега, и сега повторно се предложени, сите знаеме дека во тие општини нема никаков просперитет, туку општините се уназадени, упропастени и уништени. Такви луѓе СДС става за кандидати за градоначалници.
Ликови кои тепаат административни службеници, луѓе кои се познати по скандали поврзани со криминал и корупција, луѓе кои одат по стапките на Заев. Од тие луѓе, градоначалници не бидува.
СДС мора да се реформира. СДС е на чекор на исчезнување, а тоа се гледа и по кандидатите кои губат во своите општини, некаде 3 спрема 1, некаде 4 или 5 спрема 1.
ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари убедлива победа на овие избори!“, се вели во партиското соопштение.
Македонија
Агенцијата за храна контра кочанскиот градоначалник по видеото со пицеријата

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро го осудува, како што вели, обидот на в.д градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за оцрнување на стручноста и професионалноста на АХВ и нејзините вработени инспектори, преку социјалните мрежи глумејќи инспектор во угостителски објекти, за кои тврди дека се дивоградби.
„Професионално, АХВ не навлегува во ингеренциите на други иституиции, но, за наводите на в.д градоначалникот во однос на работењето на АХВ, само го информираме дека Агенцијата не издава никакви HACCP дозволи како што тврди тој во јавноста, туку ја контролира работата на оператрите со храна, само и исклучиво од аспект на исполнетост на општите и посебните услови за безбедност согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, регистрирајќи ги како оператори со храна во регистарот на институцијата“, велат од Агенцијата.
Токму според овие прописи, како што се додава, в.д гардоначалникот не е овластено лице и не смее да врши контрола кај операторите со храна која се подготвува во угостителските објекти кои тој “ги контролира” и која може да ја контаминира, влегувајќи во кујните без заштитна облека и поседување на санитарна книшка за потврдување на неговиот личен здравствен статус.
„Во ниту едни прописи, ниту во националните, ниту во европските, не е дефинирано дали и какви фуги треба да има на плочките во кујните, а вработените лица во двете засебни кујни може да користат посебен санитарен јазол, што, како што беше јасно од видеото дека од угостителот е обезбедено, како засебно од она наменето за гостите“, велат од АХВ.
Пред два дена Крстевски влезе во пицерија во градот и пренесуваше видео на социјалните мрежи, коментирајќи дека се пуши во затворен простор, има приклучок за струја во објект кој е дивоградба, има само еден тоалет и за мажи и за жени, и има две кујни како посебни објекти, од кои едната нема тоалет. Крстевски на 18 јуни до Кочанското обвинителството поднесе кривична пријава против угостители за узурпација и бесправна градба, за кои рече дека работат надвор од законски прописи и стандарди, загрозена е безбедноста на жителите и гостите, а институците не смеат да дозволат да се случи „Пулс 2“.
Македонија
Кадар на ДУИ е именуван за заменик директор на Агенцијата за национална безбедност, објави Левица

Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го именувала Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Бесник Ферати како кадар на ДУИ беше заменик и на претходниот директор Еролд Муслиу кој го следа бројни скандали, а за кои ревносно реагираа токму и од сега владејачката ДПМНЕ, соопшти политичката партија Левица.
„Иако Законот јасно наведува дека директорот и неговиот заменик, како и вработените во АНБ не смеат да бидат членови на политички партии – Ферати е познат како кадар на ДУИ и според информациите, близок со Артан Груби и Али Ахмети. Дополнително, за Ферати постојат и информации кои велат дека е поврзан со разни кланови и ‘бзнисмени’ со сериозен криминал.
Пред само две години од претходниот и актуелен заменик-директор на АНБ, Бесник Ферати, излезе снимка каде тој заедно со ексминистерот Крешник Бектеши мавтаат со албанско знаме за што беа крајно изреволтирани членовите на ДПМНЕ и се надеваа, апелираа до нивниот лидер кога ќе дојде на власт да ја расформира тогашната структура на АНБ. Сепак, евидентно, тоа не се случи, а наместо реформирање, денешната власт ги продолжува истите практики и ги рехабилитира контроверзните кадри на претходната владејачка коалиција СДСМ–ДУИ“, велат од Левица.
Се додава дека нејасно е и дали, а доколку да – како Бесник Ферати го поминал полиграфското тестирање за проверка на професионалниот интегритет, за кое се најавуваше дека од февруари годинава конечно ќе профункционира.
Според Левица, може да се заклучи дека АНБ е еклатантен приемр на „како досега” владеењето.
„На чело имаме директор од владејачката партија со крајно спорни дипломи, а негов заменик е кадар на ДУИ“, се додава во партиското соопштение.