Македонија
Регистрирани 708 нови случаи на Ковид-19, починаа 32 лица
Во последните 24 часа се направени 7.174 тестирањe, а регистрирани се 708 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 315, Куманово – 53, Тетово – 38, Струмица – 33, Штип – 24, Струга – 23, Кичево -21, Битола -19, Прилеп, Велес и Охрид – по 18, Гостивар и Кавадарци – по 17, Берово – 14, Дебар – 13, Делчево – 9, Крива Паланка – 8, Кочани, Неготино и Радовиш – по 7, Свети Николе – 6, Гевгелија и Кратово – по 4, Ресен, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Пехчево – 2, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 573 оздравени пациенти од: Скопје – 199, Тетово – 62, Гостивар – 54, Куманово – 53, Струмица – 46, Кичево – 25, Кавадарци – 16, Велес – 15, Прилеп – 13, Дебар – 12, Штип – 11, Ресен – 10, Битола и Радовиш – по 9, Кочани – 6, Свети Николе и Делчево – по 5, Валандово – 4, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3, Крива Паланка и Македонска Каменица – по 2, Охрид, Берово, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Пријавени се 32 починати лица: 11 починати лица од Скопје (81г, 79г, 74г, 73г, 69г, 67г, 67г, 66г, 60г, 50г и 42г), 5 починати лица од Тетово (78г, 78г, 65г, 63г и 53г), 4 починати лица од Гостивар (73г, 72г, 70г и 63г), 3 починати лица од Куманово (80г, 76г и 64г) , по 2 починати лица од Охрид (65г и 25г) и Струмица (70г и 69г) и по едно починато лице од Битола (70г), Штип (58г), Струга (81г), Кочани (64г), и Виница (47г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Направени се 7.174 тестови преку: ИЈЗ-299, ЦЈЗ Скопје-53, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-78, ЦЈЗ Тетово–107, ЦЈЗ Куманово –106, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-10, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–161, Жан Митрев (Филип Втори)-159, Авицена-293, Биотек-422, Систина-161, лабораторија Лаор-685, Синлаб-131, Ремедика-35, Плодност–92, Генеа -19, Никоб лаб-1.128, ВФВ Медикал-154, Ели Медика-209, Ројал Медика –109, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.686.
Досега во земјата се направени вкупно 1.182.940 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 179.587, бројката на оздравени пациенти е 158.441, на починати е 6.045, а бројот на активни случаи изнесува 15.101.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 77421, Активни 6130
Куманово 10439, Активни 943
Прилеп 8715, Активни 285
Тетово 10508, Активни 1884
Битола 6767, Активни 283
Велес 5831, Активни 253
Гостивар 7753, Активни 1066
Кавадарци 5532, Активни 226
Охрид 5608, Активни 525
Штип 5320, Активни 224
Струмица 5309, Активни 675
Струга 3652, Активни 604
Кочани 3026, Активни 125
Кичево 3689, Активни 608
Гевгелија 2308, Активни 82
Неготино 2260, Активни 59
Свети Николе 1722, Активни 137
Ресен 1420, Активни 117
Крива Паланка 1285, Активни 41
Радовиш 1368, Активни 121
Берово 1147, Активни 46
Делчево 1067, Активни 74
Дебар 1387, Активни 240
Виница 962, Активни 36
Пробиштип 850, Активни 54
Валандово 748, Активни 34
Богданци 533, Активни 38
Крушево 516, Активни 21
Демир Хисар 414, Активни 11
Демир Капија 401, Активни 1
Кратово 475, Активни 67
Македонски Брод 441, Активни 58
Пехчево 296, Активни 5
Македонска Каменица 280, Активни 25
Дојран 137, Активни 3
Вкупно 179587, Активни 15101
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.
Македонија
(Видео) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра
Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, оценува Александар Димитриевски од СДСМ.
„Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции.
Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од тие што им ги ветува. Дополнително им ги усложнија условите.
80 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на земјоделците, од луѓето кои произведуваат храна.
Мицкоски ги понижи и ги измами земјоделците“.
Како што додаде, кратење има на сите страни и усложнување на условите, со зголемување на прагот за добивање на субвенции.
„Кај поледелските култури, кај пченицата, кај лозарството и овоштарството, намалени субвенции за тутун, за кокошки.
Ги укинаа сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ. Ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецте останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува.
Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само да има за криминални тендери.
Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за повисоки субвенции за земјоделците, ама власта има пари за криминални тендери, нов авион, за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“.
СДСМ, посочи тој, бара итна ревизија на програмата, враќање на средствата и вистинска поддршка за малите и средни земјоделци.
„Земјоделството не смее да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ“.
Македонија
„Падна една недопирлива, победи јавниот притисок“ – Левица за оставката на антикорупционерка Цвета Ристовска
Од партијата Левица денеска реагираа на оставката на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), оценувајќи ја како директна победа на јавниот притисок, вистината и истрајноста на нивната партија во разобличување на, како што велат, клиентелистичките структури.
„Оставката на Ристовска не е личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните врски што ја компромитираа Комисијата. Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже,“ се наведува во соопштението од партијата.
Од Левица потсетуваат дека тие јавно ги обелодениле фактите поврзани со, како што велат, непријавени интереси и компании на синовите на Ристовска, кои добивале милионски средства од партиски каси, како и наводното системско прикривање во рамки на ДКСК.
„Сите обиди за релативизирање, за правни акробации и за прикривање зад бирократски флоскули паднаа во вода“, додаваат.
Покрај тоа, од партијата бараат да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со: директорот на АНБ, Бојан Христовски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, компанијата „Сити Аутсорсинг“, во врска со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добиените 161 јавна набавка.
„Ова е само почеток. Ќе им дишеме во врат на сите корумпирани структури на ДПМНЕ, без исклучок. Секој функционер кој мисли дека може да ја злоупотребува функцијата или да се штити зад партиски чадор, треба да знае дека следниот предмет може да биде токму негов“, се вели во партиското соопштение.
Од Левица упатуваат повик до сите службеници, институционални вработени и граѓани кои располагаат со информации за корупција и клиентелизам да продолжат да ги доставуваат до партијата.
„Левица ќе ги штити изворите и бескомпромисно ќе ја изнесува вистината во јавноста.“, уверуваат.
Соопштението завршува со зборовите: „Денес падна една ‘недопирлива’. Утре ќе паднат и други. Борбата продолжува.“

