Македонија
Регистрирани 805 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица
Во последните 24 часа се направени 6.980 тестирањa, а регистрирани се 805 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 240, Гостивар – 138, Тетово – 136, Куманово – 53, Струмица – 50, Кичево – 46, Охрид – 32, Дебар – 18, Битола и Струга – по 15, Велес – 13, Кавадарци – 9, Прилеп и Свети Николе – по 7, Штип – 6, Кочани, Ресен и Радовиш – по 4, Берово и Виница – по 2, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.
· Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од: Гостивар – 33, Скопје – 21, Дебар – 10, Куманово – 4, Струмица – 3, Кавадарци – 2, Кичево, Битола, Виница и Кочани – по 1.
· Пријавени се 10 починати лица: 4 починати лица од Тетово (53г,72г,72г и 73г), 2 од Кичево (28г и 53г), и по едно починато лице од Гостивар (44г), Скопје (56г), Дебар (86г) и Куманово (60г). Сите починати лица се починати во болнички услови.
· Направени се 6.980 тестови преку: ИЈЗ-131, ЦЈЗ Скопје-72, ЦЈЗ Битола-142, ЦЈЗ Прилеп-62, ЦЈЗ Тетово–146, ЦЈЗ Куманово–85, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–137, Жан Митрев (Филип Втори)-109, Авицена-440, Биотек-239, Систина-112, лабораторија Лаор-914, Синлаб-29, Ремедика-8, Плодност–82, Генеа – 13, Никоб лаб-1.026, ВФВ Медикал-58, Ели Медика-63, Ројал Медика-55, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.045.
Досега во земјата се направени вкупно 1.062.292 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 162.164 бројката на оздравени пациенти е 150.851, на починати е 5.552, а бројот на активни случаи изнесува 5.761.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 70798, активни 1894
Куманово 9302, активни 361
Прилеп 8382, активни 48
Тетово 8619, активни 1207
Битола 6451, активни 124
Велес 5534, активни 55
Гостивар 6057, активни 776
Кавадарци 5215, активни 53
Охрид 5171, активни 150
Штип 5010, активни 42
Струмица 4381, активни 240
Струга 3110, активни 127
Кочани 2842, активни 41
Кичево 2928, активни 309
Гевгелија 2200, активни 3
Неготино 2186, активни 2
Свети Николе 1546, активни 18
Ресен 1268, активни 34
Крива Паланка 1232, активни 5
Радовиш 1198, активни 33
Берово 1065, активни 27
Делчево 985, активни 11
Дебар 1085, активни 120
Виница 908, активни 20
Пробиштип 791, активни 2
Валандово 689, активни 19
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активни 0
Демир Хисар 402, активни 2
Демир Капија 399, активни 3
Кратово 378, активни 1
Македонски Брод 383, активни 23
Пехчево 282, активни 9
Македонска Каменица 250, активни 1
Дојран 133, активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

