Македонија
Регистрирани 865 нови случаи на Ковид-19, починале 10 луѓе
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2449 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-397, Куманово-22, Дебар-2, Штип-34, Прилеп-29, Тетово-95, Струга-7, Велес-44, Битола-31, Охрид-21, Кавадарци-26, Гостивар-30, Гевгелија-4, Струмица-37, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Кочани-17, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-4, Виница-6, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-4, Кичево-15, Ресен-5, Неготино-4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти од: Скопје-125, Куманово-24, Дебар-14, Штип-12, Прилеп-9, Тетово-34, Струга-1, Велес-4, Битола-9, Кавадарци-2, Гостивар-4, Гевгелија-7, Струмица-30, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Кочани-32, Пробиштип-1, Берово-2, Валандово-3, Виница-5, Делчево-24, Свети Николе-5, Кичево-5 и Ресен-1.
Починати се 10 лица, четворица пациенти од Скопје (67, 58, 64 и 76г), двајца од Прилеп (70 и 73г), еден пациент од Битола (52г), еден од Охрид (77г), еден од Кочани (48г) и еден пациент од Пробиштип (76г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32436, бројката на оздравени пациенти е 21090, на починати е 1004, а бројот на активни случаи изнесува 10342. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 14028, активни 4862
• Куманово 2333, активни 435
• Дебар 347, активни 55
• Штип 1715, активни 301
• Прилеп 1376, активни 510
• Тетово 2294, активни 609
• Струга 840, активни 121
• Велес 816, активни 420
• Битола 727, активни 298
• Охрид 736, активни 270
• Кавадарци 538, активни 235
• Гостивар 1245, активни 238
• Гевгелија 403, активни 189 (21 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 66 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 993, активни 560
• Крива Паланка 247, активни 95
• Радовиш 244, активни 84
• Крушево 30, активни 9
• Кочани 735, активни 213
• Пробиштип 209, активни 71
• Демир Хисар 86, активни 20
• Македонски Брод 105, активни 9
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 215, активни 52
• Валандово 108, активни 39
• Виница 187, активни 71
• Делчево 262, активни 107 (65 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 58, активни 28
• Свети Николе 490, активни 89
• Кичево 594, активни 189
• Ресен 253, активни 68
• Неготино 162, активни 87 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2449 теста се преку: ИЈЗ-809, ЦЈЗ Скопје-124, Авицена-470, Биотек-239, МАНУ -179, Жан Митрев (Филип Втори) -171, Систина со PCR метода -202, лабораторија Лаор –124, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-11, ГАК-0, Синлаб-42, Ремедика-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 251.848 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 123 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 4 суспектни деца на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 5 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 59, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 336 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 259
• Гази Баба – 639
• Аеродром – 847
• Карпош – 708
• Центар – 643
• Кисела Вода – 623
• Ѓорче Петров – 398
• Бутел – 252
• Шуто Оризари – 53
• Студеничани – 21
• Сарај – 36
• Арачиново -10
• Илинден – 111
• Сопиште – 44
• Чучер Сандево – 28
• Петровец –37
• Зелениково -16
• Странец – 43
• Нераспределен- 94
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: „Златната виза“ не е злато, туку налепница во пасош
Опозициската СДСМ реагираше на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како измислени вести и дефокус од главните теми.
Од СДСМ наведуваат дека визата претставува службен документ издаден од држава, кој овозможува влез, престој или транзит, најчесто во форма на печат или налепница во пасош, и дека секој граѓанин може да ги провери условите за визи на веб-страниците на надлежните амбасади.
„Со ова ја затвораме оваа бесмислена тема од кујната на ВМРО“, соопштија од СДСМ, додавајќи дека д-р Венко Филипче работи како доктор и не се занимава со градење згради, ниту со изградба на 42-катница во Дубаи со Зоран Заев, кој, како што наведуваат, веќе пет години е во политичка пензија.
„Откако утврдивме дека „златната виза“ не е злато, туку хартија во пасош, сакаме да им порачаме на граѓаните на Македонија дека токму поради вакви работи не сакаме да одговараме на лажните вести и измислените глупости на ВМРО, бидејќи тие служат за дефокус од главните теми, како што е прашањето за „мигранти за пари“ и криминалните тендери“, велат од СДСМ.
Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение наведоа дека Филипче, во свое појавување пред медиумите, рекол оти не бил бизнис-партнер на Зоран Заев во градбата на висококатница во Дубаи, но со тоа, според нив, потврдил дека Заев таму гради зграда висока 42 ката.
Од ВМРО-ДПМНЕ поставија прашања за тоа како Филипче дошол до „златна виза“ за Дубаи, тврдејќи дека претходно објаснувал оти ја стекнал поради наводен работен ангажман и преговори со тамошна болница, за кои, како што велат, досега не презентирал документи.
Партијата побара Филипче да одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали „златната виза“ е поврзана со инвестиција од најмалку 500.000 долари, како и од каде потекнуваат тие средства.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги објави документите или да одговори од каде 500 илјади долари за златна виза во Дубаи и инвестиции
Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на висококатница во Дубаи. Но со тоа, пак, потврди дека Заев сепак таму гради зграда висока 42 ката, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку допис до медиумите.
„После оваа јавна потврда, во јавноста се јавуваат нови дилеми, на кои Филипче треба да даде одговори, како на пример, како дошол до златната виза за Дубаи.
Кога пред извесно време во јавноста се појави темата со златна виза на Филипче за Дубаи, тој се правдаше дека истата ја стекнал поради работен ангажман додека бил во напредни преговори и разговори со некоја тамошна болница.
Тој отиде до таму за што тврдеше и дека сето ова е така и со докази и документи ќе го докажел.
Доколку Филипче навистина бил на работа во Дубаи, договарал работа во некоја болница или што и да има измислено за оваа лага, бидејќи веќе ни тој самиот не се сеќава, нема да му биде проблем да ги покаже документите.
Но, до ден денес, Филипче не покажува документи за некаков договор или преговори за работена ангажман со некоја тамошна болница. Тоа е така, најверојатно, поради тоа што таквите документи, очигледно, ги нема.
Од друга страна имаме сведоштво на Тома Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, кој рече дека ја видел 42-катницата која тој ја гради и дека бил во зградата во која Заев и Филипче имаат станови.
Но, Филипче како што не објави документи за разговори за работен ангажман, така не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златна виза.
Колку за потсетување на македонската јавност, за да се здобиете со златна виза, во Дубаи треба да се има минимум инвестиција од 500.000 долари, но до оваа сума на пари не се стигнува со докторска и пратеничка плата.
Затоа, Филипче да не молчи, кога веќе не објавува документи за наводен работен ангажман, туку да одговори дали златната виза е поради влог во Дубаи од минимум 500.000 долари и на кој начин ги има тој заработено овие пари?
А ваквото темно минато создадено од двоецот Заев-Филипче треба да остане таму кај што му е местото, во минатото, а не да сака да ја предводи иднината на државата“, се вели во соопштението.
Македонија
Сончево време со температура до 10 степени
Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

