Македонија
Регистрирани 883 нови случаи на коронавирус, оздравени се 536 пациенти, а починаа 29 лица
Во последните 24 часа се направени 2.827 тестирања, а регистрирани се 883 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-345, Куманово-37, Дебар-10, Штип-32, Прилеп-54, Тетово-32, Струга-21, Велес-39, Битола-36, Охрид-34, Кавадарци-29, Гостивар-19, Гевгелија-32, Струмица-44, Крива Паланка-7, Радовиш-12, Крушево-1, Кочани-25, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Валандово-8, Виница-5, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-12, Кичево-16, Ресен-4, Неготино-17.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 536 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-153, Куманово-23, Штип-17, Прилеп-30, Тетово-43, Струга-26, Велес-26, Битола-40, Охрид-18, Кавадарци-21, Гостивар-41, Гевгелија-15, Струмица-13, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-3, Пробиштип-3, Валандово-5, Виница-1, Делчево-3, Кратово-3, Свети Николе-13, Кичево-9, Ресен-8 и Неготино-10.
Во болнички услови починати се 29 лица – дванаесет пациенти од Скопје (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64), двајца пациенти од Куманово (63 и 82), тројца од Прилеп (76, 67 и 87), двајца од Тетово (65 и 72), пациент од Струга (81), двајца од Велес (77 и 80), двајца пациенти од Битола (64 и 65), двајца од Гостивар (63 и 74), пациент од Валандово (83) и двајца од Кичево (78 и 73).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77.134, бројката на оздравени пациенти е 52.949, на починати е 2.254, а бројот на активни случаи изнесува 21.931. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 33.313, активни 11.713
• Куманово 4.412, активни 613
• Дебар 585, активни 171
• Штип 3.152, активни 409
• Прилеп 3.866, активни 868
• Тетово 4.535, активни 986
• Струга 1.868, активни 413
• Велес 2.573, активни 652
• Битола 2.797, активни 815
• Охрид 2.168, активни 623
• Кавадарци 1832, активни 620
• Гостивар 3.183, активни 717
• Гевгелија 1.026, активни 319 (70 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 175 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.122, активни 616
• Крива Паланка 550, активни 126
• Радовиш 564, активни 138
• Крушево 152, активни 69
• Кочани 1.502, активни 285
• Пробиштип 421, активни 62
• Демир Хисар 225, активни 45
• Македонски Брод 207, активни 34
• Пехчево 127, активни 22
• Берово 463, активни 95
• Валандово 269, активни 59
• Виница 425, активни 106
• Делчево 637, активни 285 (177 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 180, активни 25
• Свети Николе 1.004, активни 171
• Кичево 1.495, активни 338
• Ресен 582, активни 162
• Неготино 899, активни 374 (143 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.827 теста се преку: ИЈЗ – 852, ЦЈЗ Скопје – 86, „Авицена“ – 189, „Биотек“ – 220, МАНУ – 168, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 176, „Систина“ со PCR-метода – 143, лабораторија „Лаор“ – 48, Судска медицина – 7, ЦЈЗ Битола – 55, Инфективна клиника – 7, ГАК – 0, „Синлаб“ – 25, „Ремедика“ – 11, лабораторија во болницата во Козле – 18, ЈЗУ (рапид-тест) – 821, УК Пулмологија со алергологија – 1, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 376.565 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека аеродрoмот Св. Апостол Павле во Охрид конечно е легализиран.
„На последниот ден од 2025 година сакам да споделам убава вест дека охридскиот аеродром кој оперира уште од 1970-тите години конечно е легализиран!
Изминатава година тим од Министерството за транспорт, АД Аеродроми и ТАВ, заедно со Катастар, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други владини институции посветено работеше конечно да се впише Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во катастар и конечно овој стратешки објект да добие имотен лист.
Во нормални услови ова воопшто не би било вест, но после толку години негрижа и запоставување на државниот капитал сметам дека е важно да се запознае јавноста.
Во следниот период ќе работиме на модернизација и реконструкција на Охридскиот аеродром со цел да привлечеме нови туристи“, објави вицепремиерот Николоски.
Македонија
Зајкова: Во новата година посакувам храброст, достоинство и правда за држава со вредности, а не само со процедури
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи на македонските граѓани во новата година им посака храброст, достоинство и правда, за да имаме држава со вредности, а не само со процедури.
„Драги пријатели, сограѓани, зад нас оставаме година во која корупцијата не беше само вест, туку сурова реалност која во Кочани чинеше животи. Гледавме како реформите стануваат козметика, а законите се менуваат побрзо од календарот. Додека институциите брзаа со ‘итни’ и ‘скратени’ постапки, вистинското подобрување на животот на граѓаните остана во чекалната. Администрацијата е изгубена во хаос поради брзи неусогласени закони, судството во лажни ветувања, а довербата – е во колективна амнезија“, пишува Зајкова во својата објава.
„Во 2026 година, посакувам: храброст – да не се навикнуваме на ненормалното; достоинство – да не бидеме само бројка во нечиј експеримент и правда – која не се купува и не се договара во 5 до 12. Нека новата година не биде уште една ‘скратена постапка’. Заслужуваме држава со вредности, а не само со процедури“, додава Зајкова.
„Среќна и борбена Нова 2026 година! Да ве служи сите добро здравје, среќа и да… со Македонија да се гордееме на Светското првенство во фудбал“, завршува Зајкова во својата честитка до граѓаните.
Македонија
Коњановски: Заеднички да ја дочекаме Новата година кај Офицерскиот дом
На неколку часа сме пред Новата година, a старата за момент ни донесе ново новогодишно зимко руво. Снегот кој го имавме во текот на ноќта беше вистински украс на преубавата предновогодишна Битола. Ќе биде ладно, но топло во нашите срца, порача битолскиот градоначалник Тони Коњановски.
„Време е заедно да одбројуваме и да ја дочекаме новата година. А има ли поубаво место од епицентарот на забавата-платото пред величествениот Офицерски дом. Денов изминува со детска програма за нашите најмлади и убава дружба со музичката програма во Старата чаршија.
Ве поканувам вечерва заедно да празнуваме, да се веселиме, да се дружиме
на главната сцена.
Вечерната програма пред Офицерскиот дом започнува во 20:30. На почеток забава со Борче Наумовски, потоа „Кабаре за раѓањето и вечноста“, „Баркод бенд“ и од 23:00 до 1:00 часот по полноќ со групата „Нокаут“. Оттаму ќе ги испратиме планинарите и љубителите на планината кои
традиционално и годинава ќе бидат први на први на врвот „Пелистер“. Да бидеме заедно, обединети, во новогодишно заедништво“.

