Македонија
Регистрирани 89 нови случаи на ковид, нема починати лица
Во последните 24 часа направени се 1.649 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 46, Битола – 14, Прилеп – 11, Тетово, Струмица и Неготино – по 3, Кавадарци и Охрид – по 2, Куманово, Гевгелија, Штип, Струга и Кичево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 15 реинфекции.
Регистрирани сe 55 оздравени пациенти од: Скопје – 41, Битола – 4, Кавадарци– 2, Куманово, Велес, Гостивар, Охрид, Свети Николе, Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.649 тестови преку: ИЈЗ-100, ЦЈЗ Скопје-85, ЦЈЗ Битола-58, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-14, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–75, Жан Митрев (Филип Втори)-18, Авицена-40, Биотек-57, Систина-22, лабораторија Лаор-100, Синлаб-7, Ремедика-0, Плодност-16, Генеа-9, Никоб Лаб-133, ВФВ Медикал-18, Ели Медика Плус-16, Ројал Медика–10, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 788.
Досега во земјата се направени вкупно 1.996.485 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.605, бројот на оздравени пациенти е 298.306, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.038.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145000, Активни 539
Куманово 16609, Активни 15
Битола 15132, Активни 166
Прилеп 14109, Активни 59
Тетово 13442, Активни 16
Кавадарци 10602, Активни 34
Велес 9727, Активни 20
Гостивар 9569, Активни 18
Охрид 8814, Активни 31
Струмица 8042, Активни 21
Штип 8001, Активни 21
Кичево 5599, Активни 20
Кочани 5069, Активни 5
Струга 4710, Активни 8
Гевгелија 4396, Активни 7
Неготино 3672, Активни 7
Ресен 2711, Активни 8
Свети Николе 2622, Активни 1
Радовиш 2526, Активни 13
Крива Паланка 2413, Активни 2
Делчево 1973, Активни 11
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1644, Активни 2
Валандово 1480, Активни 0
Виница 1387, Активни 4
Пробиштип 1265, Активни 1
Богданци 1019, Активни 0
Кратово 962, Активни 1
Крушево 928, Активни 4
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 591, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 2
Дојран 345, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев, од позиција на власт, вршеле притисок врз доктор Жан Митрев со цел да му ја одземат сопствената болница.
Стојаноски се повика на интервју на Митрев во кое докторот раскажа дека Филипче и Заев му се заканувале, а институциите ја блокирале неговата лична сметка, како и сметката на болницата. Дополнително, како што наведе, била изречена и забрана за продажба на болницата, која, според сведоштвото, била укината веднаш штом политичарите изразиле интерес за откуп.
„По само една недела, ЈО му ја отстранило забраната. Како е ова можно?“ – праша Стојаноски.
Тој исто така, повикувајќи се на интервјуто, рече дека Филипче и Заев сакале да ја купат болницата по цена далеку пониска од реалната, нарекувајќи го ова уште еден пример за злоупотреба на моќта во време на здравствена криза.
„Додека луѓе умираа секојдневно од КОВИД, тие се занимавале со сценарија за одземање болници“, изјави Стојаноски.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да го истражи случајот и неселективно да постапи.
Македонија
Филипче: Мора да има контрола на податоците од „Сејф сити“
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање потенцираше дека СДСМ не е против системот „Сејф сити“ од аспект на безбедноста, туку во сегашното решение постојат други сериозни и суштински прашања кои мора да се прецизираат .
„Еден таков закон кој се однесува на проектот „Сејф сити“ во којшто се регулира еден дел од сообраќајот, со којшто се намалува ризикот од несреќи, сообраќајќи , апсолутно во тој дел го поддржуваме. Меѓутоа, има важни работи за коишто треба да се зборува“, рече Филипче.
Во тој контекст, Филипче укажа дека треба да се има предвид економската состојба и стандардот на граѓаните, но и начинот на кој ќе се располага со податоците од граѓаните.
„Во сегашниот контекст, тоа е економската состојба во државата, стандардот на граѓаните, мора да се зборува за висината на казните. И второ, исто важна работа, што и кој ги контролира огромната количина на податоци коишто системот ‘Safe City’ ги собира“, рече Филипче.
Притоа, Филипче рече дека ВМРО-ДПМНЕ има историја во злоупотреба на податоци и службите за безбедност и затоа е важно да има дискусија во Собранието за овие прашања.
„Станува збор за влада на ВМРО-ДПМНЕ, која има историја на злоупотреба на служби за безбедност, пратење и прислушкување на огромен број на граѓани. Не сме комотни да туку така тој дел помине без дискусија. Се сомневаме дека можат тие податоци да ги злоупотребуваат за нивни тесни, партиски цели. Така што, ќе се дебатира во Собранието за овие две работи“, посочи Филипче.
Македонија
Поради дефект без парно делови од Центар, Аеродром и Кисела Вода
Поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, соопшти ЕСМ.
Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање на истиот, со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.

