Македонија
Регистрирани 920 нови случаи на коронавирус, пријавени се 11 починати лица
Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.338 тестови, а регистрирани се 920 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 502, Битола – 54, Куманово – 48, Велес – 40, Тетово – 35, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Штип – 24, Кичево – 20, Струмица и Гостивар – по 18, Охрид – 16, Неготино – 14, Гевгелија – 12, Кочани – 11, Свети Николе и Крива Паланка – по 8, Струга – 7, Ресен – 5, Демир Капија, Виница и Дебар – по 4, Богданци и Кратово – по 3, Делчево – 2, Пробиштип и Радовиш – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (920), регистрирани се 119 реинфекции.
Регистрирани сe 1.190 оздравени пациенти од: Скопје – 1.039, Куманово – 47, Битола – 32, Гостивар – 16, Штип – 13, Дебар – 9, Струмица – 7, Кочани и Ресен – по 5, Радовиш – 3, Велес, Кичево, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Тетово, Кавадарци, Неготино, Берово, Пробиштип и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починато лице: 6 починати лица од Скопје (61г, 66г, 67г, 72г, 78г и 83г), 2 лица од Битола (66г и 88г), по едно од Охрид (91г), Струмица (77г) и Тетово (72г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=11), 6 лица се целосно вакцинирани, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 3.338 тестови преку: ИЈЗ-329, ЦЈЗ Скопје-86, ЦЈЗ Битола-124, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово–3, ЦЈЗ Куманово-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–142, Жан Митрев (Филип Втори)-69, Авицена-97, Биотек-132, Систина-67, лабораторија Лаор-150, Синлаб-23, Ремедика-0, Плодност-55, Генеа-5, Никоб Лаб-355, ВФВ Медикал-57, Ели Медика-33, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-25, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–7, Рамус-26, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.409.
Досега во земјата се направени вкупно 1.846.264 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.016, бројот на оздравени пациенти е 267.134, на починати е 8.747, а бројот на активни случаи изнесува 11.135.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 132306, Активни 6314
Куманово 15728, Активни 470
Битола 13728, Активни 519
Прилеп 13259, Активни 362
Тетово 13073, Активни 416
Кавадарци 9778, Активни 447
Гостивар 9214, Активни 234
Велес 9031, Активни 331
Охрид 8327, Активни 275
Штип 7779, Активни 125
Струмица 7687, Активни 239
Кичево 5199, Активни 154
Кочани 4853, Активни 112
Струга 4551, Активни 111
Гевгелија 4054, Активни 166
Неготино 3484, Активни 171
Свети Николе 2578, Активни 85
Ресен 2497, Активни 65
Радовиш 2424, Активни 88
Крива Паланка 2310, Активни 66
Делчево 1864, Активни 50
Берово 1683, Активни 26
Дебар 1552, Активни 22
Валандово 1487, Активни 65
Виница 1343, Активни 30
Пробиштип 1274, Активни 13
Богданци 966, Активни 53
Кратово 914, Активни 24
Крушево 858, Активни 14
Демир Хисар 799, Активни 16
Македонски Брод 677, Активни 34
Демир Капија 526, Активни 18
Македонска Каменица 519, Активни 7
Пехчево 446, Активни 8
Дојран 248, Активни 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.
Македонија
Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава
Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски кој од денеска е во Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
„Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, пишува Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

