Македонија
Регистриран 41 нов случај на коронавирус, пријавени се 3 починати лица
																								
												
												
											Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 1.024 тестови, а регистриран бил 41 нов случај на Ковид-19: Скопје – 31, Кавадарци – 4, Неготино – 2, Куманово, Прилеп, Тетово и Штип – по 1 лице.
Од вкупниот број на позитивни (41), регистрирани се 10 реинфекции.
Регистрирани сe 457 оздравени пациенти од: Скопје – 250, Битола – 33, Прилеп – 29, Охрид – 28, Тетово – 19, Кичево – 16, Велес – 10, Делчево – 9, Куманово и Гостивар – по 6, Кавадарци и Струмица – по 5, Кочани, Радовиш, Виница и Крушево – по 4, Штип, Гевгелија, Ресен , Дебар и Пробиштип – по 3, Струга и Богданци – по 2, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1 лице.
Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Кичево (89г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од: Скопје (66г) и Кавадарци (55г). Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, и едно лице во болнички услови. Пријавените лица се починати на 15.03.2022 год.
Од вкупниот број на починати лица (3), кај две лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 1.024 тестови преку: ИЈЗ-68, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-4 ,Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-29, Авицена-38, Биотек-119, Систина-26, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-135, ВФВ Медикал-17, Ели Медика Плус-10, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 573.
Досега во земјата се направени вкупно 1.970.059 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.711, бројот на оздравени пациенти е 295.914, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.566.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна
Скопје 143925, Активни 845
Куманово 16571, Активни 40
Битола 14875, Активни 171
Прилеп 14025, Активни 86
Тетово 13423, Активни 18
Кавадарци 10526, Активни 83
Велес 9691, Активни 26
Гостивар 9539, Активни 10
Охрид 8766, Активни 72
Струмица 8009, Активни 21
Штип 7981, Активни 17
Кичево 5573, Активни 30
Кочани 5056, Активни 16
Струга 4701, Активни 18
Гевгелија 4375, Активни 17
Неготино 3662, Активни 11
Ресен 2685, Активни 15
Свети Николе 2617, Активни 4
Радовиш 2516, Активни 8
Крива Паланка 2408, Активни 4
Делчево 1953, Активни 23
Дебар 1671, Активни 7
Берово 1638, Активни 2
Валандово 1477, Активни 3
Виница 1383, Активни 6
Пробиштип 1263, Активни 0
Богданци 1019, Активни 2
Кратово 961, Активни 3
Крушево 923, Активни 6
Демир Хисар 826, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 586, Активни 0
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 485, Активни 0
Дојран 343, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.
Македонија
Димитриевски на првиот работен ден во новиот мандат: Најавувам над 30 инфраструктурни проекти во наредниот период
														Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, на првиот работен ден од неговиот трет мандат изврши увид на повеќе теренски активности при што најави над 30 инфораструктурни проекти во периодот што следи.
„Почитувани сограѓани, прв работен ден по изборот, овде сме во населба Зелен рид, на улица Васко Карангелески. Улица којашто носи име на еден наш великан, вистински патриот. Сакам од овде да најавам дека во следниот период започнува реализација на повеќе од 30 инфраструктурни проекти во различни делови на градот, со акцент на централното градско подрачје, големите урбани населби и урбано-руралниот дел во градот.
Продолжуваме заедно, ви благодарам на довербата. Куманово заслужува континуитет, вчера тоа го доби, го потврди. А моја обврска е да продолжиме заедно да го градиме Куманово”, истакна Димитриевски .
Македонија
(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори
														Државната изборна комисија попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори.
Гласањето како што информираше претседателот на ДИК, Борис Кондарко, било спроведено во 32 општини и во градот Скопје, со вкупно 1.013.357 избирачи.
„Бројот на избирачки места беше 1.777, сите избирачки места се обработени со оригинални записници, вкупниот број на избирачи кои гласале е 424.923 лица, вкупниот процент на избирачи кои гласале е 41,93 отсто“.
Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња, како што кажа Кондарко е 404.464 гласачки ливчиња а 23.930 се неважечки.
Во десетте скопски општини гласале вкупно 474.304 избирачи, а на територијата на градот 167.575. Од нив, како што посочи претседателот на ДИК, 157.047 гласачки ливчиња биле важечки, а 10.528 неважечки.
За кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, гласале 95.572 лица или 57,03 отсто, додека за кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, гласале 61.475 или 36,69 отсто од гласачите.
Кондарко посочи дека од денеска од 16:30 часот течат роковите за евентуални приговори на првичните официјални резултати. Приговорите може да се поднесат директно до ДИК во рок од 48 часа, поднесување на приговори по електронска пошта не е дозволено.
Ако до среда до истекот на рокот, не бидат поднесени приговори, за местата каде нема приговори ДИК ќе ги објави конечните резултати во четврток. Доколку има приговори, Комисијата има рок од 72 часа за одлучување, а потоа следи 24-часовен рок за поднесување тужби до Управниот суд. Управниот суд има рок од 48 часа за одлучување, што значи дека конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до понеделник или вторник.

