Контакт

Избори 2019

Река во Дебар: Оваа толпа граѓани најдобро покажува дека е време за претседател Албанец

Објавено пред

Претседателскиот кандидат, Блерим Река, ја продолжи својата кампања во Дебар, каде што се состана со граѓани кои, како што велат од неговиот штаб, масовно ја поддржале неговата кандидатура.

dobivaj vesti na viber

За време на разговорот со жителите на Дебар, Река возбуден од толпата граѓани, посочил дека тие се најдобриот одговор за оние кои велат дека не е време за претседател Албанец.

„Дебар точно знае што е егзодус. Подобро од вас никој не знае што е тоа егзодус. Вие сте најдобриот одговор за оние кои велат дека не е време за претседател Албанец! Вечерва тоа е демантирано дека не е се уште време за тоа. Ако ние продолжиме да чекаме, тогаш нашата земја ќе се испразни! Вие сте најинтелигентниот дел на Албанската нација“, истакнал кандидатот за претседател на средбата со граѓаните.

За време на средбата, Река бил придружуван од лидерот на Алијанста за Албанците, Зијадин Села и од лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами.

Касами во своето обраќање истакнал дека Дебар има можност да го поздрави идниот претседател на Македонија.

„Вечерва ја промовираме најдобрата кандидатура која некогаш ја имале Албанците. Го промовираме Блерим Река за претседател. Блерим со неговата академска подготовка и неговото дипломатско искуство е најдобриот кандидат во овие избори. Ние серизоно имаме шанси да победиме и заедно ќе ја менуваме историјата. Ајде заедно да го гласаме Блерим Река. На 21 април, Дебар, град кој има дадено многу за Албанците ќе знае да гласа за Блерим Река“, рекол Касами.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на митингот истакнал дека оние кои се на власт се плашат затоа што опашката им е фатена со врата.

„Припадниците на власта се плашат? Зошто? Бидејќи Блерим Река е чист и заслужува победа. Велат дека имаме заедничко општество, но имињата на училиштата, имињата на улиците и институциите не може да бидат и на албански јазик. Далеку сме од рамноправноста, Албанците живеат во монизам. Македонците кои се на власт им помагаат на послушните Албанци за да не мислат со нивни глави, туку да продолжуваат да бидат послушни“, нагласил Села.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида

Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз. Како што...

Свет54 минути

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет3 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет4 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет5 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет6 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет6 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет7 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет7 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија1 ден

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија1 ден

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија1 ден

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија1 ден

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет1 ден

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет1 ден

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет2 дена

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...