Македонија
Ременски на распит кај Русковска
Откако претходно два дена правеше увид во доказниот материјал на обвинителката Вилма Русковска, денеска пратеничката Фросина Ременски ќе треба да даде исказ за случајот со Меѓународниот сојуз, чија истрага е завршена. Ременски вчера рече дека во материјалите кои ѝ биле дадени на увид видела сè освен докази.
Таа не сакаше да одговори дали се има среќавано со бизнисмените кои се оштетени во случајот со Меѓународниот сојуз. Не сакаше да коментира ниту за 750 илјади евра кои наводно ѝ биле префрлени на сметка кај пензионерка од Скопје.
Ременски по распитот се обиде да се оправда за петокот, велејќи дека не бегала од новинарите, односно дека не знаела оти тие ја чекаат.
Таа е осомничена дека помагала во извршувањето на кривичните дела измама и перење пари за кои се осомничени пет физички лица, и тоа заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска, како и самиот Бојан Јовановски.
Ременски остана и без пасош, а има и забрана да го напушти Скопје како мерка на претпазливост. Обвинителството одзеде два телефони, но и компјутери и други предмети при претрес во нејзиниот дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

