Македонија
Република Северна Македонија осамна и на „Википедија“
Доколку корисниците на глобалната интернет-енциклопедија „Википедија“ од денеска побараат информации за нашата земја, во општите податоци за државата објавени на оваа енциклопедија ќе се појави дека нејзиното официјално име е Република Северна Македонија.
Ваквата информација се појавува не само на „Википедија“ на македонски јазик, туку таква ќе добијат и оние што ја користат енциклопедијата на англиски, француски, германски и на другите светски јазици.
Во англиското издание на интернет-енциклопедијата во делот посветен на спорот за името се наведува дека на 17 јуни 2018 година Република Македонија и Грција потпишале договор да го завршат долгогодишниот спор, со тоа што земјата ќе се преименува во Република Северна Македонија (Republic of North Macedonia).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Теодор Јовевски го фати крстот во Вардар
Теодор Јовевски го фати крстот во водите на реката Вардар во Скопје за Водици.
Јовевски кој учествува првпат оваа година, се надева дека крстот ќе му донесе среќа. На верниците им порача да веруваат во Бога.
Одбележувањето на празникот Богојавление почна во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што чиноначалствуваше владиката Јосиф.
Македонија
Мартин Гоџо го фати светиот крст во Охрид, Сиљановска му подари рачно изработена резба
Мартин Гоџо од Варош го фати крстот во водите на Охридското Езеро, по повод денешниот празник Водици.
Мартин го фати светиот крст и пред три години.
Чинот на осветувањето на водата го изврши поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија Г.Г. Стефан.
– Празнувањето на Богојавление всушност е продолжување на радоста што ја доживуваме чествувајќи го Божиќ. Тие два празника, на коишто некои отеци им го даваат заедничкото име зимен Велигден, се настани кои во себе ја носат вистината на доаѓањето на синот Божји на земјата – рече во посланието архиепископот г.г. Стефан.
Присутна беше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која му врачи рачно изработена резба на Мартин Гоџо, како и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
„Стотици верници, поттикнати од длабоката вера во божествениот благослов на осветените води, од вековната традиција која го симболизира крштевањето на Исус Христос и од желбата за духовна обнова, учествуваа во овој свет чин. Најсреќниот, Мартин Гоџо, кој го фати крстот, го дарував со рачно изработена резба посакувајќи му добро здравје, лична среќа и духовна исполнетост. Да ги отвориме нашите срца за вербата, да ги насочиме мислите кон чистотата и мирот и да чекориме по патеката на духовното просветление!“, порача Давкова.
Претседателката претходно упати и честитка по повод празникот, во која напиша дека овој празник има длабоко духовно значење и особена симболика во нашата вера. Исусовото крштевање во реката Јордан не претставува само осветување на водата, туку чистење, духовна обнова и нов почеток.
Македонија
Мицкоски за Водици: Да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет за граѓаните
Во името на Владата и во мое лично име, на сите православни христијани им го честитам големиот празник Богојавление – Водици, денот кога го славиме Крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан, вели премиерот Христијан Мицкоски.
„Како што се отворија небесата над Јордан, потврдувајќи ја светоста на овој чин, така и денес нека ни се отворат патиштата кон мир, разбирање и благослов. Овој свет ден нè потсетува на вредноста на верата, духовното единство и љубовта кон ближните. Затоа, да го негуваме духот на заедништвото, почитта и поддршката еден кон друг, ставајќи ги мирот и добрината во прв план.
Нашето општество мора да се темели на меѓусебната почит и стремежот кон соживот. Нека оваа празнична свеченост нè потсети на нашата обврска да го чуваме и унапредуваме заедничкото живеење, прифаќајќи ја различноста како вредност која нè збогатува сите нас.
Воедно треба да бидеме свесни дека промените за кои работиме и за кои сакаме да се случат зависат од сите нас. Иднината мора да биде заедничка и секој ден мора да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет.
Посакувам срдечна прослава, семејна топлина и радост во овој убав празничен ден, а благодатта на денешното осветување да биде наша водилка низ животот.
Бог се јави!“, се вели во пораката од првиот човек на Владата.