Македонија
(ВИДЕО) „Реформаторите“ поднесоа Декларација за демократизација на ВМРО- ДПМНЕ
Декларацијата е патоказ кој нуди конкретни решенија за излез од сегашната ситација, во која победите претставуваат пораз, а пријателите непријатели. Преку неа нашата партија ќе го врати загубеното и ќе означи почеток за една нова ера, за уште посилна ВМРО-ДПМНЕ, која наскоро повторно ќе раководи со државата, стои во Декларацијата за демократизација и модернизација што денеска членовите на иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ ја доставија до Централниот комитет на партијата. Декларацијата за демократизација и модернизација на партијата под мотото „Демократска ВМРО-ДПМНЕ за демократска Македонија“ содржи осум принципи кои треба да бидат вметнати со измените на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Илија Илиовски, член на иницијативата за реформи.
„Декларацијата ја поднесуваме со цел да покажеме дека е време нашата партија да го врати сјајот на демократска и цврста ВМРО-ДПМНЕ. Со неа предлагаме раководството да ги разлега следните принципи:
1.Приницип на слобода на мисла и говор,
2.Приницип на рамноправност,
3.Принцип на непосреден избор,
4.Приницп на тајност во одлучувањето,
5.Принцип на неспоивост на функции,
6.Принцип на индивидална одговорност,
7.Принцип на личен интегритет и квалитет,
8.Принцип на внатрепартиска солидарност.
Се надеваме дека Централниот комитет ќе ја разгледа декларацијата затоа што сметаме дека ќе има позитивен ефект и кон членовите на раководството и кон членовите на партијата“, рече Илиовски.
Во декларацијата „реформаторите“ ги повикуваат и охрабруваат сите членови на ВМРО-ДПМНЕ да вклучат во дебата , слободно да размислуваат и да предлагаат решенија кои според нив ќе бидат поквалитетни од понуденото на еден човек. Крајната идеја е реформите да предизвикаат реизбор на органите и телата на партијата кои ќе овоможат да се истакне квалитетот на поединецот, а не гордо наведната глава, порачуваат иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

