Македонија
Рикер и Палмер на средба со Османи: Почетокот на преговорите со ЕУ не смее повеќе да се одложува

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, во Охрид, се сретна со Филип Рикер, помошник-државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, и со Метју Палмер, заменик-помошник на државниот секретар и специјален претставник на САД за Балканот.
Како што информираат од Министерството, на средбата на маса било ставено европското досие на Северна Македонија, при што било посочено дека одлуката за официјален почеток на преговорите со ЕУ не смее повеќе да се одложува од причина што земјата ги има исполнето сите потребни услови и критериуми за тоа да се случи.
„За нас, САД се наши долгогодишни стратешки сојузници и партнери. Новиот пристап на американската администрација за повторно заживување на трансатлантското партнерство ни создава многу можности што треба да ги искористиме за да ја поттикнеме регионалната стабилност. Како двајца сојузници во НАТО, целта е да ги зајакнеме нашите односи во областите на безбедноста, одбраната, демократското функционирање на институциите, борбата против глобалниот тероризам, слободната пазарна економија и да ги прошириме можностите за деловните активности на двете земји“, истакнал министерот Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).