Македонија
Ристовски: Ги предвидовме плановите на Јакимовски за „Алумина“
Во 2021 јас како кандидат за градоначалник на Левицата за општина Карпош заедно со советничката група на Левицата – Карпош предупредувавме дека ќе дојде до овој момент, рече Дарко Ристовски по најавата на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, за изградбата на зградите кај „Алумина“.
„Верувам дека советниците ќе направат сè што е во нивна моќ овој ДУП воопшто да не дојде на ред да се гласа. На Карпош, а особено на овој потег, односно блок кај ‘Алумина“, не му требаат ниту нови жители, а уште помалку нови главоболки од инфраструктурен карактер, како што се недостиг на паркинг-места, нерегулирани сообраќајници или комунални проблеми“, вели Ристовски.
Тој смета дека Карпош е општина која треба да се развива кон северозападниот дел наместо да се централизираат новите градби во веќе пренаселениот појас на Тафталиџе.
Апелира до сите жители на општината и свесни граѓани на овој град да не потпаѓаат под влијанието на слаткоречиви ветувања, кои се една голема лага од почеток до крај на секоја реченица што ја изговори актуелниот градоначалник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.
Македонија
Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола.
Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски.
Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Македонија
Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината.
Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство.
Втората вечер започнува во 19 часот и ќе ја отвори Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со монодрама. Потоа сцената, после 20 часот ќе им припадне на Либеро Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на Антониа Гиговска. Водител на настанот е Миро Кацаров. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да се приклучат на втората вечер од „Новогодишната приказна“ и да уживаат во празничниот амбиент со своите најблиски.

