Македонија
Родено првото бебе во вода во земјава
Синоќа во приватната гинеколошко-акушерска болница „Плодност“ во Битола, се породи првото бебе во вода, метода која за прв пат се применува во било која болница во Македонија.
Мајката е од Битола, ова е нејзино прво дете и синоќа, околу 23 часот, на свет донесе женско дете.
Двете се во одлична состојба, а мајката е пресреќна што на овој начин и беше овозможено породувањето.

„Ова е огромен успех за тимот на болницата ‘Плодност’, кој после бројните обуки надвор од државата, имаше можност оваа метода да ја примени за прв пат и во Македонија. Породувањето за мајката и за новороденчето со оваа метода носи голем број предности: топлината на водат го опушта телото, што за мајката значи намалување на родилните болки, кои траат пократко и се поефективни, со што се намалува потребата од обезболување“, велат од болницата.
Кадата во која се одвивало породувањето е специјално изработена од материјал и форма дизајнирана за породување и во таков облик кој и дава комфор на родилката и на акушерките за взаемна работа.
Породувањето во вода важи за алтернативен метод, кој е често применлив во клиниките во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

