Македонија
Родителите и старателите преку е-дневник ќе добиваат неделни извештаи за активностите на нивните деца

Родителите и старателите на учениците и во новата учебна 2021-2022 година преку електронскиот дневник ќе добиваат неделни извештаи за активностите на нивните деца на училиште. Извештаите ќе можат да ги прегледуваат со едноставно најавување во системот, за што е изработено соодветно упатство кое може да може да се погледне на следниот линк.
Неделните извештаи содржат информации за наставните содржини кои се реализираат, како и за активностите, оценките и поведението на учениците за време на престојот во училиште.
Дополнително, родителите и старателите на неделна основа ќе добиваат и СМС-пораки на нивните мобилни уреди, согласно наведените телефонски броеви во електронскиот дневник.
Упатство за сите функционалности на системот е-дневник, како и видеоупатства за родителите/старателите се објавени на страницата https://ednevnik.edu.mk/ во менито упатства. Дополнително одговори на најчесто поставуваните прашања можат да се најдат во менито ЧПП, а за дополнителна корисничка поддршка, се испраќа порака преку контакт формата во менито контакт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.