Македонија
Родителите на децата и вработените во ЈДГ „Весели Цветови“ ги чистеа дворовите и ги фарбаа оградите на градинките
Вработените во ЈДГ „Весели Цветови“ заедно со родителите на дечињата кои ги посетуваат објектите на оваа градинка во Општина Кисела Вода, спроведоа акција за чистење на нејзините дворни површини.

Целосно расчистување на отпадоците и паднатите суви лисја беше извршено во објектите „Кокиче“, „Синоличка“, „Мимоза“, „Сончоглед“, „Перуника“ и „Ѓургица“. Додека, во објектот „Сончоглед“, вработените и родителите на дечињата извршија и фарбање на дворната ограда.
За успешно извршување на оваа дополнителна работна активност од страна на градинката беа обезбедни боја и четки.
ЈДГ „Весели Цветови“ со активностите кои ги спроведе се приклучи на есенската акција за чистење која Општина Кисела Вода ја започна минатиот месец. Со истата, локалната самоуправа досега изврши чистење на јавните површини кои се под нејзина надлежност, во повеќе месни и урбани заедници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родители на деца со попреченост утре ќе протестираат пред Собранието
Група родители на лица со попреченост утре во 11:55 часот пред Собранието ќе одржат мирен протест под мотото „Стоп за дискриминација и насилство врз лица со попреченост на работно место“.
Причина за протестот е регистриран случај на дискриминација, психичко и физичко насилство врз лице со Даунов синдром, вработено во јавна установа под надлежност на Град Скопје.
Родителите бараат од надлежните институции итна реакција, дисциплинска и кривична одговорност за сторителите, како и системски мерки за заштита на лицата со инвалидност во јавниот сектор.
„Настанот има за цел да ја потсети јавноста и институциите на обврските произлезени од Законот за вработување на инвалидни лица, со акцент на достоинствен третман, поддршка и инклузија“, велат родителите.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)

