Македонија
Рокот за вградување микрочипови кај домашните миленици е продолжен до крајот на годината
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, на прес-конференција информираше дека наместо до крајот на овој месец, рокот за бесплатна идентификација и регистрација на домашните миленици се продолжува до 31 декември годинава. За таа цел, како што рече директорот на АХВ, Атанасов, набавени се 100 илјади микрочипови. Со нив треба да се идентификуваат и регистрираат сите домашни миленици, чијашто бројка, според податоците на Агенцијата, во моментов изнесува вкупно 49 илјади.
„Би сакал да нагласам дека од 1 април апликацијата на чипот ќе се наплаќа 200 денари, а издавањето на пасошот, што следи со домашниот миленик 120 денари, додека самиот микрочип ќе биде донација од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Исто така, од 1 април инспекциските служби ќе изрекуваат и соодветни мерки, доколку затекнат неидентификуван домашен миленик. Само да нагласам дека казните се движат, за индивидуално лице од 100 до 150 евра во противденарска вредност, а додека за правните лица казните изнесуваат 1000 евра во противденарска вредност“, истакна на прес-конференцијата директорот на АХВ, Атанасов.
Бесплатното чипирање на домашните миленици, како што додаде Атанасов, е предвидено во тригодишната стратегија на Агенцијата за храна и ветеринарство, во којашто значаен сегмент е одговорното чување на домашните миленици и справување со проблемот со бездомните кучиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.

