Македонија
Ројтерс: ЕУ ќе ги почне преговорите со Македонија и Албанија кон крајот на неделата
Европската Унија ќе ги почне преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, се наведува во нацрт одлуката што ја потпишаа 27-те членки на блокот, а во која имаше увид „Ројтерс“.
Документот, според „Ројтерс“, би требало да биде подготвен до крајот на оваа недела.
„Надежите за членство на Македонија и Албанија често се уриваа изминатите години, поради скептицизмот кој, во поглед на борбата против корупцијата и демократските текови во овие две земји од Западен Балкан, го гледаа пред сè Холандија и Франција“ пишува „Ројтерс“.
Во продолжение се додава дека во последно време Париз и Хаг го намалиле притисокот и покрај кризата со коронавирусот.
„Мислам дека она што се случува со коронавирусот нема да ја промени одлуката на земјите членки“, изјави во петокот шефот за надворешна политика на ЕУ, Џозеф Борел.
Грција сè уште нема донесено одлука за тоа, но дипломатски извори наведуваат дека Атина дала зелено светло за таа одлука, поради тоа што, како пренесува „Ројтерс“, документот содржи одредби за посилна заштита на малцинските права во Албанија.
Доколку ниту една земја не приложи приговор на тој документ, тогаш би можел да биде одобрен кон средината на неделата, додаваат извори за британската агенција.
Францускиот претседател Емануел Макрон, кој го блокираше отпочнувањето на разговорите со Скопје и Тирана во октомври, во февруари рече дека ќе дозволи започнување на преговорите за членство за овие две земји, ако Европската комисија даде зелено светло. Брисел уредно го стори тоа, со реформа на процесот на проширување, претставена во февруари, што Франција ја поздрави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

