Македонија
РСБСП со предупредување: Возете внимателно по влажните коловози
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата потсетува дека сообраќајот е континуирана интеракција помеѓу три главни фактори: однесувањето на учесниците во сообраќајот; безбедноста на сообраќајната инфаструктура, условите на патот и неговите карактеристики; и возилото. Според тоа, патот е значаен фактор и една од алките на синџирот за безбедност во сообраќајот.
![]()
„Кога се зборува за патот како фактор за безбедност во сообраќајот, се мисли и на улиците, мостовите, тунелите, надвозниците, подвозниците и др. Процентот на сообраќајни незгоди што настанале како последица од недостатоци и оштетување на коловозната конструкција се движи во одредени граници поради што не треба да се заобиколи при анализата на причинитe што доведуваат до сообраќајни незгоди.
Во таа насока, секој учесник во сообраќајот треба да ги има предвид и видот и состојбата на патот по кој сообраќа (автопат, магистрален, регионален или локален пат, ширината на патот, неосветлените патишта, острите кривини, бројот на сообраќајни ленти и ширината на сообраќајните ленти на патот, оштетените патни површини, патната сигнализација и сл.). Особено треба да се внимава при сообраќај на некатегоризираните патишта (полски, шумски патишта и сл.)“, наведува РСБСП.
![]()
Како што додаваат од таму, сигнализацијата е составен дел од патиштата и дава голем број неопходни информации за учесниците во сообраќајот со цел да ги известува и штити корисниците на патот. Добро обележаниот пат претставува поголема сигурност за оние што се придржуваат кон патната сигнализација што е поставена за да ги заштити корисниците на патот и да им овозможи максимална искористеност на патот под одредени услови, објаснуваат од РСБСП.
„Влажните коловози се честа и нормална појава во овој период од годината и претставуваат сериозна закана за безбедното одвивање на сообраќајот. Намалена видливост, продолжување на сопирачкиот пат на возилото, деконцентрација, се само дел од начините на кои дождот, снегот и влажните коловози влијаат врз безбедното одвивање на сообраќајот. Според светската статистика, токму ваквите временски услови на патиштата предизивикуваат стотици илјади сообраќајни незгоди и илјадници смртни случаи во сообраќајот секоја зима.
![]()
Неповолните временски услови се потенцијална закана за патниците и влијаат врз безбедното одвивање на патниот сообраќај. Токму затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, да се придржуваат до советите за управување со возилото во зимски услови, да ги следат информациите за временските услови на патиштата, како и патната сигнализација заради осигурување поголема безбедност во сообраќајот“, се додава во соопштението.
Бидете одговорни и подготвени за безбедно управување на возилото при услови на влажни коловози, пониски температури и зимски услови на патиштата, предупредуваат од РСБСП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

