Македонија
Русковска повторно се кандидира за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал
Вилма Русковска дала исказ како осомничена во скопското Обвинителство по пријавата од ексдиректорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми. Таа смета дека оваа постапка за неа е притисок и порака до обвинителите да внимаваат кон кого поведуваат постапки. Предметот е во фаза на истрага, додаде суспендираната шефица.
„Бев сослушана во својство на осомничена. На постапката гледам како притисок, со воведување на дисциплинската постапка, поднесената кривична пријава“, рече Русковска.
Таа очекува да се отфрли пријавата против неа. Не ги видела доказите, не знае што има против неа во скопското Обвинителство.
„Кон мене порано имаше закани и притисоци од поранешна власт“, рече Русковска, без да каже која година било тоа.
„Бидејќи сум суспендирана, не сум обрнала внимание на заканите“, додаде Русковска и додаде: „Не сум ги пријавила заканите, сметав дека нема потреба“.
Таа конкурирала на новиот конкурс за избор на шеф на ОЈО ГОКК.
„Да, вчера поднесов пријава, очекувам поддршка“, додаде Русковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

