Македонија
(Видео) Русковска: Ќе ги обжалиме двете пресуди, за Јовановски очекував казна над 10 години
Обвинителката Вилма Русковска, која го водеше предметот „Рекет“ и го поднесе обвинението до судот, не е задоволна од изречената казна за осудениот Бојан Јовановски, кој доби 9 години затвор, потенцирајќи дека очекувала да биде осуден над 10 години. За Јанева, обвинителката Русковска рече дека казната е во рамки на очекуваното од нејзина страна.
Најави жалби за двете пресуди.
„Што се однесува до веќе осудената Катица Јанева, очекував помеѓу седум и осум години. Тоа беа моите очекувања, а што се однесува до осудениот Бојан Јовановски, апсолутно не сум задоволна. Реално не очекував под 10 години казна затвор. Жалба ќе има за двајцата, од повеќе причини. Ќе видиме што ќе каже Апелацискиот суд. Дали ги задоволив очекувањата на јавноста, ќе треба да каже јавноста, не можам јас да кажам во нивно име“, рече Русковска.
Според неа, најголемиот дел од милионите земени од Орце Камчев завршиле во џебовите на Јанева и Јовановски.
„Најголемиот дел завршиле кај Бојан Јовановски и Катица Јанева. Тоа е моето лично убедување. Со оглед на сè што си купувал, а без никаков приход, а и самите знаете, бидејќи вие доаѓате од медиумски куќи, колку чини финансирање на медиумска куќа на месечно ниво, особено што во тоа време, под договор на дело, кај него беа доста истакнати новинарски имиња“, додаде Русковска.
Русковска се огради кога бешеапрашана зошто предметот „Империја“ сè уште не е завршен, велејќи дека не ѝ е познато зошто толку време се водел додека бил дел од СЈО, па потоа посочи дека предметот релативно кратко време се работи во редовното обвинителство, кадешто е распределен сега.
„На истрагата интензивно се работеше од страна на двете колешки. Сега нè запре коронавирусот, сè уште не работиме со странки, само со службени лица кои можат да бидат во просториите на Обвинителството. Така што, не знам уште колку ќе им треба до завршување на истрагата. Пред да фати короната и сите овие мерки, двете колешки интензивно работеа на истрагата“, рече Русковска за случајот „Империја“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

