Македонија
Руско министерство за одбрана: 21 платеник од Македонија се убиени во Украина
Руското Министерство за одбрана објави список на странски платеници кои се борат во Украина, а според тие информации досега 79 македонски државјани заминале да се борат, а 21 од нив загинале.
Според податовите, 19 македонски државјани веќе ја напуштиле Украина, додека во моментов на украинска страна се борат уште 39 лица, објавува РИА Новости.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал Игор Конашенков изјави дека Министерството за одбрана на Русија го следи престојот во Украина на секој претставник на, како што вели „меѓународен собир на коњаници без глави“.
Според податоците на руското МНР, во Украина стигнале и 204 платеници од Хрватска, од кои 74 загинале, 167 платеници од БиХ, од кои 51 загинале, 46 си заминале. Од Косово пристигнале 156 борци, од кои загинале 61, а од Албанија од 150 платеници, 42 загинале.
Полјаците имаат најмногу – 1.831, од кои 378 загинале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

