Македонија
(Видео) Рустеми: Очекувам судењето за ТНТ да почне од почеток

Обвинителот Бурим Рустеми, кој го застапува предметот ТНТ за рушење на „Космос“, по денешното одложување на рочиштето, рече дека очекува судењето да почне од почеток поради истек на мандатот на поротничката.
„Беше одбиен мојот предлог за одвојување на постапката, а јас сметам дека е погрешна одлука на судот. Сметам дека имаше простор да се раздвои постапката и имаше основни услови да се заврши предметот, кој е во завршна фаза. Ја почитуваме одлуката на судот и, најверојатно, ќе почне постапката од почеток и ќе трае определен временски период“, рече Рустеми.
Според него, не постои можност да застарат делата за кои се товарат шесте обвинети.
„Не постои можност да застарат делата бидејќи обвинетите се товарат за потешки кривични дела. Таква околност не постои во овој предмет. Само евентуално одолжување на постапката на подолг временски период“, рече Рустеми.
Обвинителот очекува до 17 јануари, кога треба да се одржи следното рочиште, да има одлука за поротничката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.