Македонија
(Видео) Рушиди: Со законот се политизира СЈО, нема да гласаме за него

Законот за СЈО е фарса, во процесот на реформи ние не го прифаќаме како ваков, изјави Сурија Рушиди од Алијансата за Албанците.
„Ова е уште еден обид да се затворат очите пред меѓународната заедница пред почнување на преговорите за Европската Унија.Ова е уште една политичка игра како што беше Законот за амнестијата, кој си го договорија СДСМ, ДУИ и ВМР О-ДПМНЕ“, рече тој.
Рушиди истакна дека за Алијансата за Албанците е неприфатливо јавниот обвинител да го избира Советот на јавните обвинители затоа што, според него, така се политизира СЈО.
„Не може на овој начин да функционира ова обвинителство. Бараме СЈО да се избира со општ консенсуз, бараме СЈО да ги истражи сите предмети од бомбите до крај“, рече Рушиди и додаде дека Алијансата за Албанците смета дека СЈО не ги дало резултатите што ги очекувала јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.