Македонија
Само за десет години бројот на ученици во основните и средните училишта намален за 27 илјади
Само за последните десет години бројот на ученици во основните и средните училишта е намален за 27 илјади. Намалувањето на бројот на ученици е особено изразен во средното образование, каде што само за десет години бројот на ученици е намален дури 20 %, односно за 17 илјади ученици. Во основното образование намалувањето изнесува 5 %, односно 10 илјади ученици, известуваат од Центарот за граѓански комуникации.
Од општините има намалување на бројот на ученици, а зголемување има во десет скопски општини и во 9 други општини надвор од Скопскиот Регион.
Најголемо намалување на бројот на ученици во вкупна бројка има во општина Гази Баба, каде што во последната учебна година имало дури 2.389 помалку ученици отколку пред десет години. Следна општина е Тетово, каде што имало речиси 1.500 ученици помалку, само за период од десет години. Со намалување од илјада ученици следуваат: Центар, Струга, Куманово и Гостивар.
Во релативни бројки, најголемо намалување на бројот на ученици во осмолетка има во општина Ново Село, каде што за десет години бројот на ученици во односното образование е преполовен, односно е намален 57 %.
Намалување на бројот на ученици за третина има во општините Маврово и Ростуше, Вевчани, Кратово и во Пехчево. Намалување за една четвртина на бројот на основци има во Врапчиште, Конче, Зрновци, Гази Баба и во Берово.
Од големите градови, бројот на ученици во основно расте во Скопје и во Струмица.
Спротивно, зголемување на бројот на ученици имало во десет општини од Скопскиот Регион, а со тоа и во градот Скопје во целина. Најголемо зголемување и во вкупна бројка и процентуално има во Бутел и Карпош. Во Карпош во последната учебна година имало речиси 2,5 илјади повеќе основци отколку пред десет години, што е зголемување на бројот на ученици за 56 %. Во Бутел зголемувањето е за приближно 2 илјади ученици, односно 59 %. Слично е и во Ѓорче Петров, каде што зголемувањето е 43 %, односно за нешто повеќе од илјада ученици.
Надвор од Скопје зголемување имало во девет општини, но во сите заедно имало само илјада ученици повеќе сега отколку пред десет години. Тоа се претежно мали општини, како Чашка, Теарце, Ресен и Крушево. Единствено од поголемите градови, само во Струмица има зголемување на бројот на основци за речиси 400, односно 9 %.
Кога станува збор за средното образование, состојбата е многу полоша, истакнуваат од центарот. Таму намалување на бројот на ученици имало во дури 73 општини, односно во 90 % од општините, вклучувајќи го и град Скопје како целина.
„Во апсолутни бројки, најголемо намалување на бројот на средношколци има во Скопје и во речиси сите големи градови, почнувајќи од Тетово, Струга и Кичево, сè до Струмица, Гостивар, Куманово и Штип.
Процентуално, пак, најголем губитник е Пехчево. Таму бројот на ученици во средно е намален 83 % само во последните десет години. Преполовување на бројот на средношколци има во Крушево, Македонски Брод и во Врапчиште.
Во главниот град Скопје има намалување од 2.727 средношколци, односно з10 % во последната учебна година.
Спротивно, зголемување има само во седум општини, од кои пет се од Скопскиот Регион и само три други општини – Брвеница, Боговиње и Богданци. Четири од општините со зголемување се оние во кои во последните десет години се отворило средно училиште, а претходно немало со што може да се оправда зголемениот број ученици. Ако се изземат овие општини, бројот на ученици во средно е зголемен само во 3 општини во земјата, и тоа: Аеродром, Центар и Богданци.
Како и да е, во сите седум општини во кои има зголемување на бројот на средношколци вкупната бројка на зголемување изнесува 1.136 наспроти 18.000 за колку што е намален бројот на ученици во преостанатите 73 општини“, стои во анализата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

