Македонија
„Само поради инает ВМРО-ДПМНЕ го одбива предлогот на СДСМ за укинување ДДВ на храната“, вели опозициската партија
„Освен дека не им е грижа за стандардот на граѓаните, ВМРО ДПМНЕ потврдува дека само поради инает го одбива предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ за основните производи храна. Предлог законоското решение на СДСМ ќе донесе намалување на цените на храната на над 250 категории производи што значи заштеда за граѓаните и до 2.000 денари месечно“, соопшти СДСМ.
„При тоа, бенефитите за граѓаните воопшто нема да ги оптоварат компаниите и трговите нема да може да ја изиграат оваа мерка.
Мерката е реална и лесно остварлива и ќе има вистински ефект за намалување а малопродажните цени на прехранбените производи и намалување на вредноста на потрошувачката кошница.
Нема ниту еден аргумент ВМРО-ДПМНЕ зошто е против оваа мерка, против ова законско решение. Против е само затоа што е поднесена од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ води тотално погрешна економска политика. Мерката на владата на Мицкоски не даде никаков резултат, не се намалија цените на производите и само 57 денари се намали потрошувачката кошничка.
Со инает не им се помага на граѓаните туку им се одмага“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

