Македонија
Санитарниот инспекторат во контрола на игротеки, финтес-сали, базени
Претседателката на инспекциски совет, Магдалена Филипоска-Грашкоска, на прес-конференција информираше дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил контрола кај 82 фирми. Кај 18 имало забелешки, а 18 превозници не вршеле дезинфекција на возилата.
„Во време кога нашата земја се соочува со една од поголемите здравствени кризи, би сакала искрено да се забагодарам на сите граѓани кои ги почитуваат мерките, со цел да се спречи и намали коронавирусот. Треба да ни биде јасно дека секој има клучна улога во оваа битка во изминатите два дена.Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведе контрола кај 47 субјекти од кои 29 беа без наод и 18 со забелешки. Дополнително, извршена е контрола кај 35 деловни субјекти кои вршат јавен превоз, а 18 од нив немале уреден статус и се задолжени за спрведување на мерките, односно дезинфекција и слично. Понатаму, проверени се дополнително 27 објекти – игротеки, фитнес-сали, базени и слично. Сите ја почитувале забраната за работење и се затекнати затворени“, рече Магдалена Филипоска-Грашкоска.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат даде и дополнителни предлози за воведување мерки за коронавирусот.
„ДСЗИ дава предлози за дополнителни мерки, а тоа се следните: на Меѓународниот аеродром Скопје да се воведе задолжителна дезинфекција на авионите кои доаѓаат од земјите со висок и среден ризик, а во средствата за превоз, како комбињата, да има постери со препораки од Институтот за јавно здравје, дезинфекција на јавниот превоз, задолжително проветрување“, додаде Филиповска-Грашковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Бутел започна изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во Скопје Север
Општина Бутел денеска (23 февруари 2026) започна активности за изградба на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север.
Градежните работи опфаќаат реконструкција на пристапните влезови до станбените објекти на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“.
Од општината информираат дека новите пешачки патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе придонесат за спречување на поплавување на влезовите на зградите.
Реализацијата на проектот, како што наведуваат, претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот за еднаков и рамномерен развој на сите населени места во општината.
Македонија
Ангелов на работен состанок во Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации
На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија.
На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на доброволните противпожарни друштва (ДПД), нивната улога во системот за заштита и спасување и на потребата од усогласување на законската рамка со реалните теренски потреби и со европските практики.
Притоа, Ангелов, заедно со тим од ДЗС и од претставници на ДПД, ја истакна важноста од заштита, унапредување и институционално препознавање на доброволниот сектор, како клучен партнер во справувањето со кризи, пожари и природни непогоди. Соработката помеѓу институциите и доброволниот сектор е еден од темелите за ефикасен и функционален систем за заштита и спасување во Македонија.
Македонија
Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска биле примени дојави за поставени експлозивни направи, но по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по добивањето на пријавите биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници.
„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштија од МВР.
Во Тетово дојавите ги опфатиле средните училишта СОУ „Никола Штејн“, СОУ Гимназија „7 Март“, СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и СОУ „8 Септември“.
Кај основните училишта биле опфатени ООУ „Истикбал“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Братство-Мигени“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Беса“ и ООУ „Прпарими“.
Надлежните институции продолжуваат со преземање мерки за расчистување на случајот.

