Македонија
Санкционирани 59 возачи под дејство на алкохол на територијата СВР Битола

Во текот на изминатата вечер (18/19.11.2023) во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 59 возачи. Од нив 34 на територија на Прилеп, 15 во Битола, четири во Македонски Брод, три Крушево, два во Ресен и еден во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 33 други видови прекршоци.
Акциските сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Селективна правда не е правда, зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата“, прашува СДСМ

„Трагедијата во Кочани во која загубивме 59 млади животи и ја потресе целата држава повикува на неселективна, темелна и сеопфатна истрага која ќе го утврди целиот синџир на одговорност. Секој за кој што ќе се утврди дека има одговорност – без разлика дали се работи за поранешен или актуелен функционер – мора да одговара пред лицето на правдата“, велат од СДСМ.
„Сепак, со загриженост гледаме на досегашниот тек на истрагата. Сите анализи упатуваат на впечаток дека досегашниот тек на истргата е селективна и насочена исклучиво кон поранешни функционери и службеници.
Досега, ниту еден актуелен функционер не е опфатен, иако трагедијата се случи токму во време кога тие биле на одговорни позиции.
Селективна правда не е правда. Зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата за Кочани?
Според јавно достапните информации, двајца поранешни директори на ДПИ се опфатени со истрагата поради наводно непостапување. Но, логично се наметнува прашањето: зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски, не е дел од истрагата? Зарем не е должен да одговори за надлежностите на ДПИ и работата на инспекциските служби пред и во моментот на трагедијата?
Дополнително, зошто не се испитуваат одговорните лица кои биле на позиции од МВР, односно командирите, инспекторите и раководството на ОВР Кочани и СВР Штип, кои по закон биле обврзани да го обезбедат настанот?
Како е можно да се игнорираат оние кои вечерта биле на дежурство, на позиција и со законска обврска да дејствуваат – но не го сториле тоа?
Нема одговори на прашањата дали е точно дека сите седум приведени вработени во МВР не биле на функции во ноќта на трагедијата?
Овие прашања се легитимни и надлежните институции – Јавното обвинителство и МВР не смеат да молчат.
Вистинска правда не може да има без целосна и неселективна истрага“, соопшти СДСМ.
Македонија
Без вода неколку улици во скопски Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека денеска поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул Петар Драганов бр1б без вода ке останат следните улици Његошева, Бриселска, Софиска, Стокхолмска, Петар Драганов, Гаврил Лесновски и ул Копенхагенска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.(општина Карпош)
Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини

Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска( Среда) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од ул.Врполе- населба Лисиче. ( општина Аеродром)
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на ул. Драгиша Мишовиќ бр.12/34.( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Дрезденска, ул.Римска и ул.Анкарска.( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците на ул.Марко Орешовиќ,ул. Марко Орешовиќ 2, Мариовска улица 2 и дел од ул.Димо Хаџи Димов.(општина Кисела Вода)