Македонија
Сајкоски: Ние не водиме кампања против никого, ние водиме кампања за доброто на Македонија
Крушево градот кој што во почетокот на 20-тиот век гордо се исправи, градот кој што на почетокот на 20 век се бореше за промени, за подобар живот, за слобода, за правда. Градот кој што и на 24 и на 8 мај ќе се одважи да донесе голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, кажа Ѓорѓија Сајкоски, носител на изборна единица 5 на денешниот митинг во Крушево во рамки на претседателската кампања.
Сајкоски додаде дека дојде време да се обединиме, дојде моментот кога нашето единство ќе докаже дека е најголема сила.
„Да покажеме дека нашата различност може да носи просперитет на нашата држава. Затоа ние денес од овде од Крушево зборуваме како ќе ја градиме и како ќе изгледа Македонија после 24 и после 8 мај со ваша огромна помош. Со помош на Крушево со помош на луѓето од изборна единица 5 со граѓаните на цела Македонија“.
Сајкоски од Крушево порача дека ние не водиме кампања против никого, ние водиме кампања за доброто на Македонија, за ваше добро како нејзини жители и додаде:
„Ние сакаме да побараме поддршка за да може да изгледа Македонија онаква каква што ја сонувавме во 90-тите. Сонувавме просперитетна, модерна држава, држава која што беше и мора да биде повторно респектирана и дома и надвор. Ние нудиме различен концепт затоа ве повикувам на 24 ти да излезете масовно да гласате за концептот кој што го предлага ВМРО-ДПМНЕ и поддршка за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

